Македонија
(Видео) Дворски игри за избор на обвинители – Штерјев и Јовески се сретнале пред одлагањето на седницата
Утрово, како што дознава „Макфакс“, Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавните обвинители, пред почетокот на седницата бил во републичкото Обвинителство, каде што се сретнал со државниот јавен обвинител на тема избор на обвинители.
Јовески не одговараше на мобилниот телефон, а пред новинарите рече дека не стигнале на седницата да разговараат за конкретни имиња. Штерјев, пак, побрза на новинарите да им соопшти дека причина за одлагањето е прибирање дополнителни податоци. Неофицијално, на средбата во Обвинителството станало збор за одредени предлози за обвинители, кои Штерјев сакал да ги протурка, на што се спротиставил Јовески.
Меѓу „проблематичните“ имиња со желба да стане виш јавен обвинител во Скопје е обвинителката Лејла Кадриу, која Катица Јанева, поради неразјаснети околности, ја избрка од тимот. Кадриу во политичките кругови важи за блиска до ексвицепремиерот Муса Џафери.
Советот на јавните обвинители попладнево ја одложи денешната седница на која требаше да бидат избрани 17 шефови на обвинителства во државата, меѓу кои и на скопското и на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
„Треба да се подготват уште некои податоци што се значајни за донесување на одлуката“, рече Штерјев, но не прецизираше за што конкретно станува збор, односно кои се документите што дополнително треба да се обезбедат, особено ако се има предвид фактот дека огласот за избор на обвинители е објавен во февруари.
На новинарско прашање колку кандидати се пријавиле за Обвинителството за организиран криминал и корупција, рече дека од 5 до 7, но не е сигурен, како што истакна, зашто не сака да пипа во темно. Советот на јавните обвинители заседава во полн состав откако празните места беа надополнети со имињата на Ангел Солев, Ангеле Илиевски и Ацо Колевски.
Ова тело го тресеа скандали поради спорниот избор на обвинители во јануари кога Штерјев гласаше за внуката да стане обвинител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а од гласање не се иззема ниту Фиданка Рајевска, која гласаше да не биде избрана обвинителката што го гони нејзиниот сопруг за перење пари.
Седницата е закажана за следната среда во 11 часот со истиот дневен ред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

