Спорт
Белгија без Бентеке на СП
Роберто Мартинез, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, го објави конечниот список на фудбалери што ќе настапат на Светското првенство во Русија. Од проширенито список отпаднаа Мац Селс, Кристијан Кабаселе, Лоран Симан, Џордан Лукаку и К…

Роберто Мартинез, селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, го објави конечниот список на фудбалерите што ќе настапат на Светското првенство во Русија. Од проширениот список отпаднаа Мац Селс, Кристијан Кабаселе, Лоран Симан, Џордан Лукаку и Кристијан Бентеке.
Белгискиот селектор на спискот има 24 фудбалери. Тука е и Венсан Компани, кој се повреди на пријателскиот натпревар против Португалија.
Големо изненадување за јавноста претставува неповикувањето на Кристијан Бентеке.
„Барам рамнотежа во репрезентацијата. Тешка беше одлуката за Бентеке. Решив на списокот да бидат двајца напаѓачи, а тоа се Лукаку и Матшуаи. Дрис Мертенс е трета опција во нападот, тој може да игра на таа позиција“, рекол Мартинез.
Навивачите преку социјалните мрежи го изразија незадоволството од изборот на Мартинез. Според нив, не е реално на СП да не одат Наинголан и Бентеке, а во тимот да бидат Дендокер и Јанузај.
Составот на Белгија за СП:
Голмани: Коен Кастелс, Тибо Куртоа, Симон Мињоле
Одбрана: Тоби Алдервирелд. Дедрик Бојата, Томас Вермален, Јан Вертонген, Леандер Дендокер, Венсан Компани, Томас Муние
Среден ред: Насер Шадли, Торган Азар, Маруан Фелаини, Аднан Јанузај, Муса Дембеле, Јури Тилеманс, Аксел Витсел, Кевин де Брујне
Напад: Јаник Караско, Дрис Мертенс, Миши Батшуаи, Еден Азар, Ромелу Лукаку.
Белгија на СП ќе игра во Г-групата заедно со Англија, Панама и со Тунис.
? This is our @FIFAWorldCup squad list !
Let’s go #REDTOGETHER to Russia ! ??? #WorldCup ? pic.twitter.com/4FBWfiKZGJ
— Belgian Red Devils (@BelRedDevils) June 4, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

