Спорт
УЕФА му го затвори стадионот на Зенит, Гвардиола доби условна казна
Фудбалскиот клуб Зенит наредниот натпревар во европските купови ќе го игра пред празни трибини поради расистичкото дивеење на неговите навивачи. УЕФА го казни рускиот тим и парично, со 70.000 евра, поради расистичкото однесување на навивачите на натпре…
Фудбалскиот клуб Зенит наредниот натпревар во европските купови ќе го игра пред празни трибини поради расистичкото дивеење на своите навивачи. УЕФА го казни рускиот тим и парично, со 70.000 евра, поради расистичкото однесување на навивачите на натпреварот против Лајпциг во Лига Европа одигран во март оваа година.
Покрај расистичкото однесување на навивачите, Зени е казнет и поради тоа што навивачите ги блокирале скалите на стадионот „Крестовски“.
Покрај Зенит, казнети се и други клубови.
Ливерпул е казнет со 20.000 евра бидејќи навивачите се однесувале недолично и фрлале тврди предмети на натпреварот против Манчестер сити во Лигата на шампионите.
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој беше исклучен на полувремето на реваншот со Ливерпул, доби условна суспензија од два натпревара. Казната ќе биде активирана доколку тој направи нешто слично во наредната година.
ЦСКА Москва ќе плати 20.000 евра поради употреба на пиротехника и блокирањето на скалите на дуелот со Арсенал во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рутинска победа на Реал кај Леганес
Фудбалерите на Реал го совладаа истоимениот домаќин со 3:0 (1:0) во мадридското предградие Леганес и се вратија на второто место на табелата во Примера.
Килијан Мбапе, по поодлго време одигра добар натпревар, го постигна првиот гол во 43. минута, а победата на Реал подоцна ја потврдија Федерико Валверде (66) и Џуд Белингем (85). Лука Модриќ влезе во игра во 83. минута на местото на Килијан Мбапе. Францускиот ас беше прогласен за играч на натпреварот.
Реал со деветтата сезонска победа стигна до 30 бода и повторно го зазеде второто место кое накратко беше минат од градскиот ривал Атлетико со 29 бода. Лидерот Барселона има 34 бодови, но и натпревар повеќе од Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Лукаку го реши „Дербито на сонцето“ – Наполи повторно е лидер во Серија А
Наполи ја победи Рома со 1:0 и се врати на челната позиција во Серија А. На дебито на Клаудио Раниери на клупата на Рома „Дербио на сонцето“ го реши екс-фудбалерот на римјаните, Ромелу Лукаку.
Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на Рома, во 53.минута беше побрз од германскиот ветеран, Марс Хумелс и го постигна единствениот гол.
Наполи имаше повеќе од играта и тактички ја заслужи победата, но гостите од Рим создадоа неколку убави шанси за израмнување откако примија гол. Најдобрата пропуштија во 66. минута кога Украинецот Артем Довбик со глава ја погоди гредата.
По оваа победа, избраниците на Антонио Конте се вратија на врвот на табелата со 29 бодови, еден повеќе од Аталанта, Фиорентина и шампионот Интер.
На овој натпревар на клупата на Рома дебитираше Клаудио Раниери. Поточно, за 73-годишниот тренер ова е трет пат во кариерата да го преземе кормилото на „волчицата“. Тој го наследи Иван Јуриќ, кој беше заменет по поразот од Болоња со 2:3.
Рома моментално е на 12. место на табелата со 13 бодови. Во следното коло ја пречекува Аталанта, додека Наполи гостува во Торино.
Спорт
Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП
Кошаркарите на Босна и Херцеговина на крилата на навивачите ја совладаа Хрватска во четвртото коло од квалификациите за ЕП со 110:90. Надополнија минус од 13 бода од првиот меч и сега се многу блиску до пласман на ЕП. Во вториот натпревар од групата Франција лесно го совлада Кипар со 85:70.
Хрватите добро влегоа во натпреварот, му парираа на домаќинот и на полувреме имаа егал 50:50.
Нивната игра се распадна во вториот дел, поточно во третата летвртина, која БиХ ја доби со 33.13 и во решавачкиот период влезе со 20 поени предност.
Кај домашните најрасположен беше Кенан Камењаш со дабл-дабл учинок, односно 21 поен и 10 скока.
Го следеа Џанан Муса со 19 поени, три скока и пет асистенции, Александар Лазиќ (7ск) и Амар Алибеговиќ со по 18 поени, како и Амар Гегиќ со 16 поени, пет скока и четири асистенции и Един Атиќ со 12 поени. поени, пет скока и три асистенции.
Кај Хрватска се истакнаа Марио Хезоња со 28 поени, Лука Божиќ и Џелин Смит, имаа по 13.
Прва во групата е Франција со сите четири победи, по две имаат Босна и Херцеговина и Хрватска, додека Кипар е без победа.
БиХ сега има подобар скор од Хрватите бидејќи успеаја да надополнат -13 од Загреб.
Поради ова Хрватска е во сериозен проблем, бидејќи е во група со Кипар, кој како еден од домаќините на Евробаскетот автоматски обезбеди учество.
Тоа значи дека од групата Е на ЕП ќе се пласираа само две земји, а една од нив е Франција, која претходно во текот на денот обезбеди пласман.