Спорт
Маскерано: Не сме фаворити, но можеме да стигнеме далеку
Репрезентативците на Аргентина, во Барселона се подготвуваат за Светското првенство во Русија. Јавноста од нив очекува да се борат за титулата, меѓутоа играчите признаваат дека не се во кругот на фаворитите.
„Мораме да бидеме мудри, да не живееме в обл…

Репрезентативците на Аргентина во Барселона се подготвуваат за Светското првенство во Русија. Јавноста од нив очекува да се борат за титулата, меѓутоа играчите признаваат дека не се во кругот на фаворитите.
„Мораме да бидеме мудри, да не живееме во облаци дека сме фаворити. Репрезентациите на Франција, Германија, Шпанија и на Бразил се пред нас. Тоа го покажаа со својата игра и со тоа што подолго време играат добро. Сепак, во фудбалот не победува секогаш фаворитот“, рекол Маскерано за една аргентинската телевизија.
Слично размислува и најдобриот меѓу Аргентинците, Лео Меси. Тој минатата недела во едно интервју рече дека Аргентина не е во најтесниот круг на фаворит за освојување на мундијалот.
Пред четири години Аргентина играше во финалето и загуби од Германија со 0-1. „Гаучосите“ во текот на историјата имаат две титули од светските првенства – во 1978 и 1986 година.
Аргентина в сабота против Израел ќе го одигра последниот контролен натпревар пред заминувањето за Русија.
На СП „гаучосите“ се во група со Исланд, Хрватска и Нигерија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо стана ко-сопственик на шпанскиот клуб
Кристијано Роналдо стана ко-сопственик на шпанскиот второлигаш Алмерија, откако купи 25 проценти од акциите во клубот преку неговата новооснована компанија „CR7 Sports Investments“.
Иако на 41-годишна возраст сè уште активно игра и постигнува голови за Ал-Наср, со овој потег Роналдо се обидува и да стане сопственик.
„Долго време имав амбиција да придонесам за фудбалот надвор од теренот“, рече капитенот на португалската репрезентација.
„Алмерија е шпански клуб со силни темели и јасен потенцијал за раст. Со нетрпение очекувам да соработувам со раководството за да го поддржам клубот во неговата следна фаза од развојот.“
Финансиските детали од трансакцијата не се откриени, но со оваа инвестиција Роналдо се враќа во шпанскиот фудбал, каде што помина девет сезони освојувајќи трофеи со Реал Мадрид пред да замине во Јувентус во 2018 година.
Алмерија моментално е на третото место во втората шпанска лига, само два бода зад лидерите, а до крајот на сезоната има уште 15 натпревари. Интересно е што Роналдо е постар од самиот клуб, кој е основан во 1989 година.
Влегувањето на Роналдо во сопственичката структура доаѓа една година откако клубот беше преземен од саудиска инвестициска група.
Неговиот лидер, Мохамед Ал Кереиџи, со кого Роналдо наводно има блиски односи, е исто така претседател на клубот и наводно помогнал во реализацијата на трансферот на Роналдо во Ал-Наср во 2022 година, по неговото бурно заминување од Манчестер Јунајтед.
„Исклучително сме задоволни што Кристијано го избра нашиот клуб за да инвестира“, рече Ал Кереиџи.
„Тој се смета за најдобар играч на сите времиња, тој го познава шпанскиот фудбал многу добро и го разбира потенцијалот на она што го градиме тука, и со првиот тим и со академијата.“
Првиот натпревар на Алмерија со Роналдо како ко-сопственик е закажан за петок, кога ќе гостуваат во Албасете.
Foto/ depositphotos
Спорт
Долгот на Јунајтед дополнително порасна, износот е неверојатен
Манчестер Јунајтед оствари профит, но неговиот долг порасна на речиси 1,3 милијарди фунти.
Извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берарда, изјави дека клубот го жнее позитивниот финансиски ефект од својата програма за отпуштање, откако најновите финансиски резултати покажаа зголемување на профитот и покрај падот на приходите.
Иако тимот не е во европските натпреварувања оваа сезона, клубот оствари оперативен профит од 32,6 милиони фунти во првите шест месеци од фискалната година, во споредба со загуба од 3,9 милиони фунти во истиот период минатата година, објави „Скај Спорт“.
Оперативниот профит за последниот квартал изнесуваше 19,6 милиони фунти во споредба со 3,1 милиони фунти минатата година.
Бројките доаѓаат по обемната програма за отпуштања и реструктуирање на клубот под водство на Сер Џим Ретклиф.
Вкупните приходи на Јунајтед за вториот квартал од фискалната година изнесуваа 190,3 милиони фунти, што е намалување од 198,7 милиони фунти во истиот период минатата година.
Комерцијалните приходи паднаа од 85,1 милиони фунти на 78,5 милиони фунти, а приходите од натпреварите од 52 милиони фунти на 49,5 милиони фунти, бидејќи тимот не играше во Лигата на шампионите оваа сезона.
Англиските клубови заработија помеѓу 73 и 86 милиони фунти оваа сезона играјќи во Лигата на шампионите.
Со долг од преземањето на клубот од семејството Глејзер и дополнителни обврски наведени на повеќе од 500 милиони фунти, од кои поголемиот дел се неплатени трансферни такси, клубот, на крајот од минатата година, имал долг од 1,29 милијарди фунти.
Foto/ depositphotos

