Спорт
Јаја Туре: Гвардиола е расист, ќе го уништам митот за него
„Сакам да го уништам митот за Пеп Гвардиола“, му порачал Јаја Туре на својот поранешен тренер од Барселона и Манчестер сити.
Јаја Туре го напушти Манчестер сити, откако му истече договорот, се уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата, но како што ре…

„Сакам да го уништам митот за Пеп Гвардиола“, му порачал Јаја Туре на својот поранешен тренер од Барселона и Манчестер сити.
Јаја Туре го напушти Манчестер сити кога му истече договорот и сè уште не решил каде ќе ја продолжи кариерата, но како што рекол во интервју за „Франс фудбал“, ќе се обиде да го сруши митот за Пеп Гвардиола.
Туре, според новинарите што имале можност да го видат интервјуто, го обвинува Гвардила за расизам, односно дека не играл бидејќи доаѓал од Африка.
„Сурово се однесуваше кон мене. Навистина мислите дека така би се однесувал со Иниеста? Поради тоа се прашувам дали тоа што се случуваше е поради бојата на мојата кожа. Не сум првиот што така размислувам, тоа прашање си го поставуваа и други фудбалери на Барселона. Тој беше брутален и кон Вилфред Бони. Кога ќе има храброст да истрча на терен со тим во кој ќе има петмина играчи од Африка, тогаш ќе му испратам торта. Но, тоа нема да се случи“, порачал поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска.
Јаја Туре беше првиот играч што требаше да замине од Манчестер сити кога во клубот пристигна Гвардиола, но тој не сакаше да замине, а иако не добиваше многу шанси од Гвардиола, тој дури успеа и да го продолжи договорот и остана до клубот до крајот на оваа сезона.
„Имам чувство дека беше љубоморен, ме гледаше како да сум му ривал… Пеп сака да доминира, сака да има послушни играчи што ќе му јадат од рака. Не сакам таков однос. Го почитувам тренерот, но јас не сум негов предмет. Не сум се согласувал со многу тренери во кариерата, но на крајот преовладува разумот и доаѓате во ситуација кога започнувате да се разбирате. Тоа со Гвардиола не е можно. Некои играчи ми кажаа дека тој е манипулатор“, рекол Туре, кој рекол дека сака да го сруши митот за Гвардиола.
„Барселона? Ништо тој не смисли. Беше паметен да го адаптира она што го смислил Јохан Кројф. Потоа Баерн и Сити, се обиде да го користи истиот шаблон, но под услов да работи со свои играчи. Тоа не би можел да го прави во Кристал палас или Вотфорд. Мислам дека Зидан е подобар тренер, тој ги почитува своите играчи. Пеп сака сите во него да гледаат гениј, да биде обожаван. Сето тоа е комично. Кога ќе го видам како се чеша по главата за да покаже дека многу размислува, ми доаѓа да пукнам од смеа. Тоа е комедија“, порачал Јаја Туре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

