Спорт
СП Русија: Иранците веќе пристигна во Русија
Фудбалската репрезентација на Иран е првиот национален тим што пристигна во Русија, каде од 14.јуни до 15.јули ќе се одржува 21.Светско првенство во фудбал. Иранците веќе се сместени во својата база Локомотива Баковка во Москва.
„Да се биде во Русија е…
Фудбалската репрезентација на Иран е првиот национален тим што пристигна во Русија, каде што од 14 јуни до 15 јули ќе се одржува 21. Светско првенство во фудбал. Иранците веќе се сместени во својата база Локомотива Баковка во Москва.
„Да се биде во Русија е остварување на сонот за иранскиот фудбал. Тоа го постигнавме со напорна работа. Чест и привилегија е што сме тука“, рекол селекторот на Иран, Карлос Кеирош, по пристигнувањето во Русија.
Португалецот дополнил дека целта на Иран е што подолго да остане на Светското првенство, а на Русија ѝ посакал успешен и одличен мундијал.
Иран првиот натпревар ќе го одигра на 15 јуни против Мароко во Санкт Петербург. Во ова група се и фаворитите Шпанија и Португалија.
Иран петти пат во историјата е учесник на светско првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ЕХФ доживотно суспендираше српски судии поради местење натпревари
Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари.
Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.
Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“.
Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.
Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра.
Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ ило прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.
Останува да видиме дали и ќе ги суспендира и Ракометниот сојуз на Србија.
🇪🇺 #EHF
👨⚖️ Le binôme d'arbitres 🇷🇸 impliqué dans l'affaire des matchs truqués radiés à vie par l'EHF 😯
👉 https://t.co/21PEkNDcY8 pic.twitter.com/BbSGAi1oQ3
— HandNews (@HandNewsfr) September 24, 2024
Спорт
Осимен доаѓа на местото на Влаховиќ во Јувентус?
Јувентус сериозно размислува за да го потпише Виктор Осимен наредното лето.
Нигериецот на почетокот на оваа сезона замина од Наполи во Галатасарај, а медиумите на Апенините веќе шпекулираат дека тој ќе се врати во Италија. Осимен во Галатасарај е позајмен играч, тој на крајот од сезоната ќе мора да се врати во Наполи.
Како главна причина се наведуваат лошата форма на Душан Влаховиќ. На последните три натпревари во Серија А, Јувентус не постигна ниту еден гол, а медимите вината ја врлија врз српскиот напаѓач.
Поради актуелната ситуација, челниците на Јувентус размислуваат да ангажираат напаѓач во јануари, доколку нешто не се промени.
Осимен играше две сезони во Наполи, а најзаслужен беше што Наполитанците по повеќе од три децении беа шампиони на Италија во сезоната 2022/23.
Спорт
Тренерот на Партизан си поднесе оставка
Тренерот на Партизан, Александар Станојевиќ поднесе оставка по дебаклот против Црвена Звезда во 174. дерби.
„Веднаш по поразот во вечното дерби против Црвена звезда (4:0), тренерот на Партизан Александар Станојевиќ поднесе оставка од таа функција“. пишува српски „Телеграф“.
Пред четири месеци Станојевиќ се врати на клупата на црно-белите кога го наследи Игор Дуљај.
Станојевиќ по дербито се најде на мета на навивачите, кои најпрво скандираа да си замине од клубот, а по мечот се здоби со повреда кога бесните навивачи ги сршија стакланата на соблекувалната.
Со Станојевиќ, Партизан нема победа на последните осум натпревари, што последен пат му се случило пред 44 години.