Спорт
Болт дебитира за Стремсгодсет и веднаш си замина
Легендарниот спринтер од Јамајка, Јусеин Болт, му се заблагодари на норвешкиот фудбалски клуб Стремсгодсет, чии дрес го носеше на пријателскиот натпревар против националниот тим, за играчи до 19 години, на оваа скандинавска земја.
„Се чувствував одличн…
Легендарниот спринтер од Јамајка, Јусеин Болт, му се заблагодари на норвешкиот фудбалски клуб Стремсгодсет, чии дрес го носеше на пријателскиот натпревар против националниот тим за играчи до 19 години на оваа скандинавска земја.
„Се чувствував одлично во тимот, атмосферата беше величествена. Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата“, рекол Болт, кој играл од 71.минута.
„Ќе ги следам резултатите на Стремсгодсет. Ќе проверувам кој постигнал гол. Многу им благодарам на сите. Уживав во времето што го минав со тимот. За да победувате треба да го играте својот фудбал и да ги оставите сите стравови на страна“, дополнил светскиот рекордер на 100 и 200 метри.
Освојувачот на осум златни олимписки медали претходно тренира со играчите на јужноафриканскиот тим Мамелоди и со фудбалерите на Борусија Дортмунд.
It´s been a pleasure, Usain. Thank you for the positive vibes. All the best! #puma @usainbolt pic.twitter.com/UpPo3TyDNW
— Strømsgodset Fotball (@strmsgodset) June 5, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пешиќ останува селектор на Србија
Искусниот кошаркарски стручњак, Светислав Пешиќ, ќе остане селектор на Србија.
Трофејниот стручњак, кој неодамна ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри, има истечен договор, но тој ќе биде продолжен по изборот на нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Пешиќ неодамна имал средба со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ, при што двајцата договориле соработка во наредните години, пишува српскиот весник „Курир“.
Неодамна Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ разговараа за тоа како би било добро Светислав Пешиќ да остане на српската клупа, а се чини дека нивната желба ќе биде остварена.
Спорт
ЕХФ доживотно суспендираше српски судии поради местење натпревари
Двајцата српски ракометни судии, Александар Панџиќ и Иван Мошорински, добија доживотна суспензија поради местење натпревари.
Имено, како што пренесува „HandNews“, портал специјализиран за ракомет, српските судии Панџиќ и Мошорински се доживотно суспендирани од сите активности на ЕХФ.
Причината поради која е донесена оваа одлука е тоа што тие биле вклучени во местење натпревари, тврди „HandNews“.
Двајца судии добија доживотна суспензија бидејќи биле вмешани во местење натпревари на Европското првенство во ракомет.
Истиот додава дека покрај доживотна суспензија, биле казнети и парично со по 2.000 евра.
Се додава дека судиите не се појавијле на рочиштето, но барањето на ЕХФ ило прифатено и тие и официјално се избришани од списоците на функционери на ЕХФ за натпреварите што се организираат.
Останува да видиме дали и ќе ги суспендира и Ракометниот сојуз на Србија.
🇪🇺 #EHF
👨⚖️ Le binôme d'arbitres 🇷🇸 impliqué dans l'affaire des matchs truqués radiés à vie par l'EHF 😯
👉 https://t.co/21PEkNDcY8 pic.twitter.com/BbSGAi1oQ3
— HandNews (@HandNewsfr) September 24, 2024
Спорт
Осимен доаѓа на местото на Влаховиќ во Јувентус?
Јувентус сериозно размислува за да го потпише Виктор Осимен наредното лето.
Нигериецот на почетокот на оваа сезона замина од Наполи во Галатасарај, а медиумите на Апенините веќе шпекулираат дека тој ќе се врати во Италија. Осимен во Галатасарај е позајмен играч, тој на крајот од сезоната ќе мора да се врати во Наполи.
Како главна причина се наведуваат лошата форма на Душан Влаховиќ. На последните три натпревари во Серија А, Јувентус не постигна ниту еден гол, а медимите вината ја врлија врз српскиот напаѓач.
Поради актуелната ситуација, челниците на Јувентус размислуваат да ангажираат напаѓач во јануари, доколку нешто не се промени.
Осимен играше две сезони во Наполи, а најзаслужен беше што Наполитанците по повеќе од три децении беа шампиони на Италија во сезоната 2022/23.