Свет
Дутерте вети дека ќе поднесе оставка ако доволно жени потпишат петиција против неговиот забранет бакнеж

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, се брани по нападите што следуваа кога тој пред камери се бакна со омажена Филипинка во Јужна Кореја и истакна дека ќе поднесе оставка ако доволно жени потпишат петиција против него.
Дутерте, кој за време на официјалната посета на Јужна Кореја бакна во уста Филипинка што таму работи, изјави дека со својот потег имал намера само да ја забавува публиката.
Source: Philippines’ Duterte stirs controversy by kissing woman on lips by ReutersNews
„Ако има доволно жени… Всушност, ако сите жени тука потпишат петиција да поднесам оставка, ќе го сторам тоа“, рече Дутерте во вторникот по враќањето од Јужна Кореја.
Социјалните мрежи едноставно гореа по објавените фотографии и видеа од Дутерте, кој додека беше на говорница, побара од неговата сонародничка да го бакне во уста за да ја добие неговата книга, на што таа се согласи.
Дутерте меѓу многу Филипинци ужива статус на рок-ѕвезда, но со ваквиот потег шокира повеќе женски здруженија што неговата постапка ја опишаа како перверзен чин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Силно невреме во Србија: ветерот корнеше дрвја, дел од зградите останаа без покриви

Силна бура го погоди Белград и некои делови од Србија во раните попладневни часови. Пет лица се повредени, а предизвикана е голема материјална штета, пренесуваат тамошните медиуми.
Бурни налети на ветер соборија кран на градилиштето во Нов Белград, превртеа приколка за влечно возило, а осамна и видео од Ледино кај Сурчин, каде што бројни станбени згради останаа без покриви. Луѓето во областа според написите, избегаа без никакви последици, а најмалку две згради останаа без покриви.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, објавува Спутник.
МУП издаде и тревога за ризик од силна бура со дожд, грмежи, голем град и силни налети на ветер.
Свет
(Видео) Нов инцидент меѓу Макрон и Брижит: повторно во авион

Францускиот претседател Емануел Макрон имаше нов инцидент кога пристигна во Велика Британија на тридневна државна посета кога неговата сопруга, Брижит Макрон, наводно го игнорирала додека излегувале од авионот, само неколку недели откако снимките од нивната физичка пресметка станаа вирални.
Двојката слета со приватен авион во RAF Northolt, каде што ги пречекаа принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон. Додека се симнуваа по скалите, Макрон ја подаде раката за да ѝ помогне на сопругата, но Брижит ладно го отфрли и наместо тоа се потпре на оградата.
Потоа Макрон ја спушти раката и се сврте кон кралскиот пар, каде што ја бакна раката на принцезата Кејт во гест на наклонетост.
Откако влегоа во автомобилот што ги однесе до Виндзор, сопружниците не изгледаа опуштено – Макрон ги прегледа документите, додека Брижит го извади телефонот од чантата и го погледна екранот, пишуваат светските агенции.
Инцидентот, како што анализираат, се случува откако во мај, за време на нивната официјална посета на Виетнам, камерите на аеродромот во Ханој го снимија моментот во кој Брижит, ја крена раката кон лицето на претседателот Макрон и го турна подалеку. Потоа Макрон погледна кон печатот и им мавна на присутните пред заедно да се симнат по скалите. Потоа, таа одби да ја прифати неговата рака.
Денес, по пристигнувањето во Велика Британија, Макрон повторно се обиде да ја фати Брижит за рака, но таа повторно го одби.
Извор близок до претседателската двојка за француската BFMTV се обиде да го минимизира непријатниот момент, велејќи дека станува збор за „брачна расправија“ и дека тоа бил „момент на релаксација и забава пред официјалниот почеток на посетата“.
И покрај непријатното пристигнување, Макрон и неговата сопруга беа пречекани со сите државни почести. Тие се сретнаа со кралот Чарлс и кралицата Камила на кралскиот подиум во центарот на Виндзор. Потоа, тие се упатија кон замокот во церемонијална кочија заедно со принцот и принцезата од Велс.
Во дворот на замокот ќе се одржи свечен прием.
Вечерва е планиран државен банкет во средновековната сала каде што околу 160 гости ќе седнат на богато украсена маса долга 50 метри. Кралот Чарлс и Емануел Макрон ќе одржат говори по тој повод. Сè уште не е потврдено дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на вечерата.
Регион
Поради екстремните горештини затворен познатиот Акропол во Грција

Поради екстремната топлина што ја зафати Грција, познатиот Акропол во Атина ќе биде затворен за посетители до 17 часот.
Во земјата се очекуваат температури до 42 степени, а издадени се и бројни предупредувања поради зголемениот ризик од пожар, јавува Би-Би-Си.
Грчките власти одлучија повторно да го затворат Акрополот, еден од најпосетуваните археолошки локалитети во Европа, додека метеоролозите најавуваат нови високи температури и многу висок ризик од пожар.
Министерството за култура објави дека Акрополот ќе биде затворен во најжешкиот дел од денот, помеѓу 13 и 17 часот.
„Мерката е усвоена за безбедноста на вработените и посетителите“, соопшти Министерството за култура. Повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат Акрополот годишно.