Спорт
Алегри го одбил Реал
Откако германскиот селектор Јоаким лев, а потоа и младиот стратег на Хофенхајм Јулијан Негелсман, го одбија Реал Мадрид, истото го направил и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Италијанецот се заблагодарил на понудата да го предводи Реал, откак…


Кога германскиот селектор Јоаким Лев, а потоа и младиот стратег на Хофенхајм Јулијан Негелсман, го одбија Реал Мадрид, тоа го направил и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Италијанецот се заблагодарил на понудата да го предводи Реал кога тимот неочекувано го напушти Зинедин Зидан. Алегри поради смејни причини не сакал да ја напушти Италија.
Шпекулациити говорат дека Алегри ќе одработи уште една или две сезони во Јувентус, а потоа ќе се обиде да ја оствари својата голема желба, да биде селектор на Италија.
Покрај Лев, Негелсман и Алегри, реални опции за Реал не се ниту Маврицио Почетино и Јирген Клоп бидејќи нивните клубови немаат намера да ги пуштат во Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Само во случај на прифатлива понуда Влаховиќ ќе замине од Јувентус
Душан Влаховиќ доби дозвола од Јувентус да го напушти клубот.
Според договорот со генералниот директор на клубот од Торино, Дамиен Комоли, Влаховиќ може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда.
„Се договоривме со Душан дека може да го напушти клубот само во случај на прифатлива понуда“, рече Комоли.
„Сè уште не сме добиле понуда за него што би можеле да ја прифатиме.“
За заминувањето на Влаховиќ од Јувентус се зборува веќе долго време. Српскиот фудбалер не сакаше да го продолжи договорот со тимот, за да може да го напушти клубот од Торино во летниот преоден рок.
Влаховиќ целосно го загуби статусот во првиот тим на Јувентус во вториот дел од сезоната.
Српскиот фудбалер е во Јувентус од 2022 година и досега има собрано 136 натпревари во кои постигнал 55 гола.
Спорт
Спасувачите нема да го извлечат телото на Далмаер – ќе ѝ ја исполнат нејзината желба

Спасувачите во Пакистан се откажаа од плановите за извлекување на телото на двојната олимписка шампионка, германската репрезентативка во биатлон, Лаура Далмаер (31). Решија да ја почитуваат нејзината последна желба да се избегне загрозување на животите на другите луѓе, изјави алпинистот Томас Хубер за ДПА во четвртокот.
Далмаер почина во понеделникот во одрон на карпа во близина на врвот Лаила, висок 6.069 метри, на планинскиот венец Каракорам, соопштија нејзините претставници и локалните власти.
Таа беше прогласена за мртва во средата вечер откога воздушните и копнените операции за спасување од врвот Лаила во регионот Гилгит-Балтистан (ВБ) беа неуспешни.
Пакистанските власти вчера изјавија дека спасувачките екипи предводени од меѓународни алпинисти и локални носачи на голема надморска височина ќе почнат нова операција за преземање на нејзиното тело.
„Кога го видовме телото на Лаура, беше јасно дека таа нè напуштила. Како искусни планинари, решивме да не одиме и да го извлекуваме нејзиното тело“, рече Хубер, кој е во регионот на ВБ.
„Телото се наоѓа на многу тежок терен, што би го изложило спасувачкиот тим на голем ризик“, рече германски алпинист, кој беше дел од спасувачкиот тим.
„Одлучивме да ја почитуваме последната желба на Лаура. Таа не сакаше никој да го ризикува својот живот за неа“, додаде тој.
Северниот регион на Пакистан е дом на неколку прекрасни врвови, вклучувајќи и некои што се издигаат над 8.000 метри. Секоја година регионот привлекува стотици планинари од целиот свет, вклучително и од Европа.
Несреќите, понекогаш фатални, се чести за време на овие експедиции, особено при искачување на вториот највисок врв во светот, К2 (8.611 м), и на Нанга Парбат (8.126 м).
Кралицата на Светското првенство во Хохфилзен во 2017 година, со дури пет титули и еден сребрен медал во шест дисциплини, Лаура Далмаер, освои злато во спринт и потера, како и бронза во поединечна трка, на Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг.
За време на нејзината најдобра сезона на Светското првенство 2016/2017 Баварката го освои и големиот „Кристален глобус“ за вкупен пласман.
По Пјонгчанг таа ја заврши кариерата во 2019 година на 25-годишна возраст.
Спорт
ПСЖ доаѓа на eвропскиот Суперкуп без подготвителни натпревари

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе дојдат на натпреварот од eвропскиот Суперкуп против Тотенхем на 13 август во Удине без да одиграат ниту еден подготвителен натпревар.
Таа одлука ја донесе тренерот на европските шампиони, Луис Енрике, кој им го продолжи одморот на своите фудбалери за уште два дена.
ПСЖ ќе започне со тренинзи на 6 август и по само седум дена работа, ќе играчите ќе имаат можност да го освојат првиот трофеј во новата сезона.
Шпанскиот стручњак очигледно решил да ги награди играчите за брилијантните резултати што ги остварија минатата сезона.
„Светците“ ја освоија Лигата на шампионите за прв пат во историјата, ги собраа сите трофеи во Франција и стигнаа до финалето на Светското клупско првенство, во кое неочекувано загубија од Челзи.
Фото/ Принскрин