Европа
Путин: Санкциите нема да го спречат развојот на Русија

Санкциите не можат да го спречат развојот на Русија, ниту да ја лишат од нејзиниот суверенитет, изјави рускиот претседател Владимир Путин и порача дека Русија или ќе биде суверена држава или ќе ја нема.
„Не нè изненадува постоењето на некои ограничувања и санкции, не нè плаши тоа и никогаш нема да нè натераат да се откажеме од самостоен суверен пат до развојот. Тргнувам од фактот дека Русија или ќе биде суверена држава или воопшто нема да постои и рускиот народ секогаш ќе го избира првото“, рекол Путин во интервју за медиумската корпорација на Кина во пресрет на посетата на таа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „За прв пат погодивме два руски воени хидроавиони“

Украинските сили за прв пат соборија два руски амфибиски авиони Бе-12 Чајка на окупираниот Кримски полуостров, објави утрава украинската воена разузнавачка служба (ХУР).
Нападот е извршен на 21 септември од страна на специјална единица на ХУР наречена Примари, се вели во соопштението. Објавено е и видео од нападот.
❗️For the first time in history, Prymary of the Ukrainian Defense Intelligence burned down two Russian Be-12 Chayka anti-submarine aircraft on the territory of Russian-occupied Crimea.
The Chayka aircraft are equipped with expensive equipment to identify and combat submarines.… pic.twitter.com/nAZsbz8WRf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 22, 2025
„Ова е првиот напад врз Бе-12 во историјата“, соопшти агенцијата. Бе-12 Чајка, советски амфибиски авион познат под НАТО ознаката „Mail“, е специјализиран за борба против подморници и е опремен со системи со висока вредност за откривање и уништување подморници.
Одделно, ХУР тврди дека украинските војници собориле и руски хеликоптер Ми-8. Еден ден претходно, истата агенција објави дека уништила три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица во Крим.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Украинците нападнаа одморалиште на Крим, има мртви и ранети

Украински дронови го погодија одморалиштето Форос на Крим, предизвикувајќи штета и жртви, според Сергеј Аксјонов, шефот на нелегалната окупациска влада.
Форос е луксузно одморалиште сместено во близина на летниковци на руската политичка елита. Аксјонов рече дека нападот оштетил „неколку објекти“ во одморалиштето, а исто така оштетил и блиско селско училиште. „Остатоци од соборените дронови предизвикале пожар на трева во близина на градот Јалта“, рече тој.
Во нападот загинале две лица, а 15 биле повредени, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека нападот бил извршен во 19:30 часот по московско време „користејќи дронови вооружени со високоексплозивни боеви глави“.
Каналот „Кримски винд“ на Телеграм објави дека наводно во одморалиштето престојувале „многу важни гости“. Според веб-страницата на одморалиштето Форос, ресторанот таму бил затворен во недела за „специјални служби“.
Русија нелегално го окупира Крим од 2014 година, трансформирајќи го полуостровот во силно милитаризирано упориште.
Украинските сили постојано го напаѓаат полуостровот со ракети и беспилотни летала од почетокот на војната во 2022 година. Неодамна, украинската воена разузнавачка служба (ГУР) уништи три руски хеликоптери Ми-8 и радарска станица во окупираниот Крим.
фото: принтскрин
Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.