Македонија
Судењето за обидот за убиство на Села продолжува на 11 јуни
Судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 11 јуни за деветмина од обвинетите. На денешното рочиште беше повлечено обвинението против Сашо Сенков. Обвинителот Дарко Јакимовски рече дека утврдиле нови елементи на претходното рочиште и предложи обвинителниот акт да биде изменет.
Двајца од обвинетите, Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски, наместо за обид за убиство, се обвинети за насилство, а за сите други обвинети: Кире Георгиевски, Оливер Ошавковски, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски и Коста Делов, oстанува кривичното дело обид за убиство.
Судискиот совет по предлог на Обвинителството донесе решение да ја укине мерката притвор против Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски и да им биде определена мерка за претпазливост, задолжително пријавување во судот и да им бидат одземени пасошите.
Денешното рочиште беше прекинато еден час кога во судот се онесвести обвинетиот Александар Јаневски – Тошта по што со брза помош беше пренесен во болница на Клиниката за кардиологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

