Македонија
Претседателот Иванов го одликува австрискиот инженер Хајнц Брандл со Медал за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го одликува професор доктор Хајнц Брандл, австриски геотехнички инженер, со Медал за заслуги за Македонија.
Како што информираат од Кабинетот на Иванов, професорот Брандл е одликуван со Медал за заслуги за Македонија за постигнатите исклучителни резултати во својата долгогодишна работа и развојот на инженерството, науката и образованието во Република Македонија, со што дал значаен придонес за афирмација на нашата држава во светот.
„Со својата креативност и иновативност професорот Брандл е инспирација и пример за многу луѓе од неговата струка. Но, за неговите заслуги зборува не само значајниот научен придонес туку и несебично споделување на знаењето, што е карактеристика на вистинските лидери. Бидејќи само вистинските лидери сакаат да мотивираат и да охрабрат што повеќе луѓе. Тој им овозможил на многу наши магистранди и докторанди студиски престој на престижниот Технички универзитет во Виена. И со тоа им помогнал тие знаења да ги пренесат и применат кај нас, во Република Македонија“, рекол претседателот Иванов.
Како што стои во соопштението од неговиот Кабинет, Брандл е посветен пријател и поддржувач на Република Македонија.
„Благодарение на неговите напори, Друштвото за геотехника на Македонија во 1999 година е примено како полноправна членка под уставното име во меѓународната асоцијација за геотехника. Иницијатор е за студиски престои на наши магистранди и докторанди на Техничкиот универзитет во Виена. Како визитинг-професор на Градежниот факултет во Скопје во неколку наврати одржува серија предавања. Благодарение на неговото лобирање, Република Македонија ја доби организацијата на 16. Подунавско-европска конференција за геотехничко инженерство, која од 7 до 9 јуни ќе се одржи во Скопје“, наведуваат од Кабинетот на Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).