Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема ништо сработено во здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ
Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека Владата е успешна во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Стратегијата за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ, со која беа опфатени 93 отсто од децата до 14-годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година, покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година изнесувал 6,8 проценти , а во 2017 година е намален на 1,9 процент. Ова го призна и самиот Филипче“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа мерка, според опозициската партија, како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните од областа на здравствената заштита.
Венко Филипче и СДСМ ги признаа и потврдија успешните политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во здравството и здравствената заштита. Филипче и СДСМ денес покажаа дека оваа Влада нема ништо сработено од областа на здравството, па мора да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада
Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.
Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.
Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.
Македонија
Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура од четврток до сабота ќе биде во постепено опаѓање.
Македонија
„СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата“, вели Филипче
Носителот на изборната листа четири на СДСМ и Коалицијата, Венко Филипче, денес беше во посета на Валандово каде оствари средби со граѓани. Филипче ги промовираше мерките за земјоделците и се осврна на актуелната политичка состојба и пораките од партиите.
„СДСМ нема да трпи уцени. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ. Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ. Паднаа маските, се открија скриените коалиции кои имале за цел ослабување на СДСМ. Но, за нивна несреќа тоа нема да се случи. Ја верувам дека има доволно време до 8 мај, оние кои сега ја видоа скриената агенда на ЗНАМ, да ја преиспитаат одлуката и да ја подржат СДСМ на изборите“, рече Филипче.