Надворешна политика
(Видео) Почнаа протестите во 24 градови во Грција, дел од медиумите спречени да ги следат поради „безбедносни причини“
Попладнево почнаа протестите во 24 градови во Грција против употребата на зборот „Македонија“, а дел од медиумите беа спречени да ги следат поради „безбедносни причини“. Организацијата „Комитетот на хеленисти на Македонија” ги повикува граѓаните да доаѓаат со грчки знамиња и без партиски симболи.
Централен собир има во Пела, од симболични причини, како родно место на Александар Велики. Веќе почнаа да се собираат луѓе со знамиња за да протестираат „против македонскиот хеленизам“. На дел од медиумите од земјава не им било дозволено да ги следат протестите одблизу, поради „безбедносни причини“.
Министерството за надворешни работи попладнево упати апел до македонските граѓани кои денес ќе патуваат или бидат во Грција, да ги избегнуваат местата на одржување на тамошните најавени протести поради, како што велат, поради можност од ескалација.
Воедно граѓаните се повикуваат да се воздржат од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност.
„Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 јуни, ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација ‘Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија’, најавува протести во 14 поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот ‘Македонија’, што ќе се одржат истиот ден, со почеток во 19.30 часот”, стои во соопштението на македонското МНР.
Протести се одржуваат во ширум Грција, за како што беше најавено, зачувување на грчкиот карактер на Македонија.Протести се одржуваат во Пела, Кавала, Драма, Серес, Кукуш, Поликастро, Воден, Лерин, Костур, Птоле-маида, Катерини, Лагадас и во туристичкото место Неа Мудања на Халкидики.
Во многу градови демонстрациите се поддржани од локалната самоуправа, од градоначалниците, како и од свештеници. Грчкиот архиепископ Јеронимо изјави дека прашањата, како што е она со спорот за името, не се решава со протести и оти парламентот е одговорен. „Името Македонија не е лесно да го дадеме, да го позајмиме“, рече архиепископот Јеронимос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.