Регион
Рама: Експлозиите во Тирана се терористички чин против министерот Тахири
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/rama-4.jpg)
Трите експлозии што се случија во вторникот во Тирана биле вперени против семејството на актуелниот министер за внатрешни работи на Албанија Саимир Тахири.
Оваа оценка ја изнесе албанскиот премиер Еди Рама кој констатираше дека мета на терористите бил министерот Тахири поради пресметката со криминалните банди. Рама додаде дека оваа се типични терористички напади врз владин функционер со цел со заканите да се попречи активноста на министерот Тахири и владата. Власта смета дека пресметката со голем број на криминални банди, но и нарко банди, им пречи на оние кои се на удар на законот, заради што тие се обидуваат да влијаат со терористички акти врз семејството на Тахири.
Од друга страна опозицијата ја изнесе оценката дека албанското МВР и министерот Тахири веќе не се во можност да ја контролираат состојбата на теренот .
Во вторникот три силни експлозивни направи беа поставени на објекти и имоти на семејството на министерот Тахири, од кои две детонираа во објектите што ги поседува таткото на Тахири, но за среќа експлозиите со телекоманда од телефон не предизвикаа жртви. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/zemjotres2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.
Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.
Засега нема информации за жртви и материјална штета.
Регион
13-годишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Grcija-1.jpg)
Трагичен настан се случи денеска на Халкидики кога 13-годишно девојче го загуби животот откако го удри гром.
Трагичниот инцидент се случил околу 16:30 часот кога девојчето било на плажата Посеиди, на песокот, а според првите информации полесно е повредена и нејзината мајка.
Времето на Халкидики денеска е лошо со обилни врнежи од дожд, пренесуваат локални медиуми.
Полициската управа Касандра води прелиминарна истрага за инцидентот, пишуваат грчките медиуми.
Регион
Додик: Има ли некој што може да ги тргне бошњачките политичари од погрешен воз
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/dodik-1.jpg)
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска изјави дека кога ќе се качите во погрешен воз сите постојки се погрешни и праша дали има кој да ги извади бошњачките политичари од тој воз.
„Има ли некој што може да им објасни дека Боно Вокс и „U2“ никогаш повеќе нема да свират бесплатно во Сараево, а CNN ќе го емитува концертот? Дека веста за резолуцијата за Сребреница не е објавена во ниту еден светски медиум. Дека Босна и Херцеговина никому не му е важна, освен луѓето што живеат во неа“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.
Дваесет години, посочува, се обидува да им објасни, а тоа ќе го покаже на претстојната средба во Мостар.