Спорт
Колегите го избраа Харден за МВП на сезоната (видео)
Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден е избран за најкорисен играч во НБА лигата, во гласањето, во кое учествувале кошаркарите. Како што соопшти синдикатот на НБА кошаркарите, Харден е избран за МВП на сезоната, а истото признание тој го доби и во 2015…


Бекот на Хјустон Рокитс, Џејмс Харден, е избран за најкорисен играч во НБА-лигата во гласањето во кое учествувале кошаркарите. Како што соопшти синдикатот на НБА-кошаркарите, Харден е избран за МВП на сезоната, а истото признание тој го доби и во 2015 година.
Популарниот Брада во регуларниот дел од сезоната имал просек од 30,4 поени, 8,8 асистенции и 5,4 скока од натпревар. Хјустон регуларниот дел го заврши како најдобар тим во лигата со 65 победи и 17 порази.
Сепак, Хјустон не успеа да се пласира во големото финале бидејќи не можеше да го совлада Голден стејт Вориорс во финалето на Западот. Вориорс серијата против Хјустон ја доби со 4-3, иако Хјустон имаше водство во победи 3-2.
НБА-лигата на 25 јуни, на официјална церемонија, ќе го прогласи најкорисниот играч и ќе ги додели признанијата за најдобар дебитант (руки), дефанзивец, шести играч, играш што најмногу напредувал и тренер.
Во конкуренција за МВП на сезоната, покрај Џејмс Харден, се и Ентони Дејвис од Њу Орлеанс пеликанс и Леброн Џејмс од Кливленд кавалирс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Договорен е најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата

По долги преговори, Ливерпул и Баер Леверкузен го договорија трансферот на Флоријан Вирц.
Германскиот и англискиот клуб го потпишаа најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата, вреден 136,3 милиони евра, според англиските и повеќето европски медиуми и фудбалски инсајдери.
Договорот, исто така велат, е дефинитивно склучен, и сè што останува е двата клуба да го официјализираат договорот.
Ливерпул ќе му плати на Баер основни 117,5 милиони евра како обештетување и дополнителни 18,8 милиони во бонуси, па Вирц ќе може слободно да потпише петгодишен договор со „црвените“.
Вредноста на овој трансфер го надмина претходниот најголем во историјата на Премиер лигата, оној на Мојсес Кајсед од Брајтон во Челзи за 133 милиони евра.
Според порталот „The Atheltic“, во преговорите со Ливерпул, Баер побарал цели 150 милиони за Вирц, но на крајот, двете страни постигнале договор за помала сума.
Минатата сезона Вирц постигна 16 гола и 15 асистенции во 45 натпревари, а пред тоа беше клучен играч во шампионскит тим предводен од Чаби Алонсо.
Во 49 натпревари во шампионската сезона на Баер, тој постигна 18 гола и запиша 20 асистенции во 49 натпревари.
BREAKING: Liverpool and Bayer Leverkusen have come to an agreement on a British record deal for Florian Wirtz 🚨
The total package is £116.5m (€137.5 million), made up of a £100 m plus £16.5 million in potential add-ons. pic.twitter.com/HosbszL2r8
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 13, 2025
Спорт
По 34 години, Пипо ја врати Пиза во Серија А, па го напушти клубот

Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, сега тренер, Филипо Инзаги, ја напушта клупата на Пиза еден месец по историската промоција во Серија А, објави клубот во петокот.
„Договорот на Инзаги, кој траеше уште две години, беше спогодбено раскинат“, објави тосканскиот клуб.
Се очекува 51-годишникот, како што тврдат медиумите ќе го преземе Палермо.
Палермо наводно ѝ платил на Пиза речиси милион евра за Инзаги. Сицилијанскиот клуб, во сопственост на Сити Фудбал Груп (сопственик и на Манчестер Сити), исто така се стреми кон враќање во Серија А.
Пиза заврши втора во Серија Б под водство на Инзаги, остварувајќи промоција во Серија А за прв пат по 34 години.
Алберто Џилардино е еден од кандидатите за клупата на Пиза, како и Марко Џампаоло, кој неодамна беше отпуштен од Лече.
Спорт
Гонзало Гарсија е новиот тренер на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.
Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.
Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.