Свет
Лавата и натаму голема опасност во Гватемала, бројот на жртви расте
Гватемалскиот институт за сеизмологија и вулканологија предупреди за ново излевање лава од западната страна на вулканот Фуего. Досега во оваа природна катастрофа загинаа 99 луѓе.
Институтот предупреди жителите да бидат претпазливи и да избегнуваат движење во областa. Во соопштението се наведува дека текот на лавата, широк од 30 до 40 метри, се спушта до реката Пантелеон.
Спасувачките тимови трет ден трагаат по преживеани. Како што е соопштено од страна на „Ројтерс“, спасувачи денеска ја обезбедиле областа околу вулканот кој еруптира во неделата исфрлајќи огромни количини пепел и лава со екстремно висока температура, која се упати кон околните градови.
Агенцијата информира дека во некои области на малото село Сан Мигел Лос Лотес може да се видат само покривите на куќите затрупани од вулканска пепел, камења и тиња. Институтот за вулканологија и сеизмологија вчера предупреди на ново излевање лава и нареди луѓето да се евакуираат, а спасувачите и натаму трагаат по евентуални преживеани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин и Ердоган разговараа
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и дискутираше за прашања од билатералната агенда, објавено е на официјалната веб-страница на Кремљ.
„Во продолжение на разговорите во Казан на 23 октомври, детално се расправаше за актуелните прашања од билатералната агенда со акцент на зголемување на ефикасноста на трговско-економската соработка“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во врска со ова ќе следат контакти на ниво на надлежни ресорски органи.
Европа
Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.
Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.
Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.
Европа
(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција
Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.
Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.
Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството.
🚨#BREAKING: Russian passenger plane caught fire at Antalya airport in Turkey. pic.twitter.com/Zts9euvU0j
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 24, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.