Свет
Мрачното минато на островот Сентоса – од јапонски логор до туристичка оаза
Островот Сентоса, местото на историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, e популарна туристичка дестинација во југоисточна Азија со многу познати терени за голф и песочни плажи. Но, островот во Сингапур има и своја мрачна историја. Името на островот значи мир и спокој, но некогаш бил јапонски логор за воени затвореници од Британија и Австралија кога сојузничките сили ѝ се предале на Јапонија во 1942 година.

Островот кој годишно го посетуваат 20 милиони туристи било и место за масовни егзекуции на Кинези од Сингапур вклучувајќи и цивили, кои биле осомничени за антијапонски активности. Многу од убиствата се извршени на плажата на која сега се наоѓа светски познатиот голф-терен Серапонг.
Пред Британија да ја преземе контролата над Сингапур во 1824 година, островот беше напреден трговски центар, често посетуван од трговци и познат по пиратството. Во тоа време Сентоса била познат како Пулау Блаканг Мати, што директно се преведува – остров каде што смртта ве демне од зад грб.
Кога јапонските сили го презеле Сингапур во 1942 година, му било дадено ново јапонско име – Сионан, што значи светлина на југот. Кога Сингапур доби независност во 1965 година, островот беше преименуван во Сентоса, малајски збор што значи мир и спокојство.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, потврди дека средбата ќе се одржи во хотелот „Капел“ со пет ѕвездички. Сентос е еден од 63-те острови што го сочинуваат Сингапур. Овој остров од 500 хектари, недалеку од главниот остров, е дом на луксузни одморалишта, приватни марини и голф-клубови. Хотелот во кој ќе се одржи состанокот е сместен во тропска шума, а го дизајнира британскиот архитект Норман Фостер во колонијален стил.

Хотелот се смета за еден од најлуксузните на островот и веројатно и поради врвната услуга што ја нуди, овој хотел е избран да биде токму тој место на историскиот состанок меѓу Ким и Трамп. Функционерите на Белата куќа веќе го посетија хотелот и ги договорија деталите во врска со состанокот на 12 јуни. Сè до состанокот нема да биде возможно да се изнајми соба во овој хотел.
Самата локација на островот, кој се наоѓа веднаш до главниот остров, го прави Сентос совршено место кога се безбедносните мерки во прашање. Пристапот до главниот остров е брз и лесен, а ако на светските политичари им треба малку одмор, Сентос е преполн со терени за голф.
Локацијата на самитот закажан за 12 јуни во 9 часот по локално време е одбрана поради многу логични причини. Островот се наоѓа на само половина километар од јужниот брег на Сингапур, каде што ќе биде полесно да се спроведат засилени безбедносни мерки што се вообичаени за ваквите состаноци.

Воздушниот простор над Сингапур ќе биде затворен за време на самитот меѓу САД и Северна Кореја следната недела. Оваа југоисточна азиска држава, која на 12 јуни ќе биде местот на историската средба меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, ги засили мерките за безбедност во целата територија. Во предупредувањето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Администрацијата на федералното воздухопловство наведено е дека воздушниот простор на Сингапур ќе биде затворен на 11,12 и на 13 јуни.
Трамп претходно го откажа состанокот планиран за 12 јуни, меѓутоа со засилени контакти помеѓу двете страни договорот повторно оживеа. Тој најави дека првиот состанок ќе биде вовед во подолгите преговори нарекувајќи го овој состанок шанса за запознавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

