Македонија
Ќе биде ли обвинет поранешен министер? Истрагата за перење пари во НЛБ банка пред завршница
Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донела наредба за вештачење во предметот за злоупотреба на службената положба и перење пари во НЛБ банка, потврдија од институцијата за „Макфакс“. „Надлежниот јавен обвинител издаде наредба за економско-финансиско вештачење во предметот. По пристигнување на вештачењето, прибирањето на сите докази во предметот, нивно разгледување и анализа ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството за „Макфакс“. Истрагата беше отворена лани во мај, а ја водеше обвинителката Лидија Раичевиќ.
Од Обвинителството тврдат дека и натаму преземаат истражни дејства. Истрагата се води против осум лица што се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето, четворица од нив се гонат и за перење пари и други приноси од казниво дело. Со истрагата опфатени се ексминистер од владата на Груевски и Ахмети, ексдиректор на НЛБ банка, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Словенија.
Од Обвинителството се сомневаат дека осомничените во периодот од 2006 до 2017 година основале фирми, подигале кредити и префрлале пари во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата инвестирале во отворање нови фирми и купувале недвижен имот во Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

