Топ
Вработена во гевгелиското Обвинителство на адвокат му одавала службени тајни
Полицијата поднесе кривична пријава против вработена во гевгелиското Обвинителство која на адвокат му одавала службени тајни. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, поднесе кривична пријава против Е.С. (34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за одавање службена тајна, казниво по член 360, став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Таа била вработена во Основното јавно обвинителство во Гевгелија како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право од средината на 2017 година, па сè до 23 мај годинава. Според полицијата, во повеќе наврати на адвокат му давала податоци што преставуваат службена тајна, односно кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на МВР, записници, спогодби и други документи изработени од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија, кои претставуваат службена тајна, документи од други јавни установи, кои директно или индиректно се поврзани со предметите за кои бил ополномоштен бранител пред судски или јавнообвинителски предмет.
На тој начин Е.С. за себе и за друг прибавила противправна имотна корист и ѝ нанела штета на честа и угледот во институцијата во која работи, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.