Спорт
Фирмино: Да не зборуваме за Рамос, тој е идиот
Иако 21.Светско првенство во фудбал ќе започне за една недела, најголем дел од светските медиуми се уште се занимаваат со дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Реал го победи Ливерпул, во финалето во Лигата на шампионите со 3:1, а пресвртница на н…


Иако 21. Светско првенство во фудбал ќе започне за една недела, повеќето од светските медиуми сè уште се занимаваат со дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.
Реал го победи Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите со 3:1, а пресвртница на натпреварот беше повредата на Мохамед Салах. Најдобриот играч на Ливерпул се повреди во еден дуел со Рамос.
Подоцна се појавија информации дека и голманот на „црвените“, Лорис Кариус, добил потрес на мозокот кога добил удар од Рамос. Потресот на мозокот бил причината за двете големи грешки со кои Кариус му ја подари титулата на Реал.

Капитенот на Реал неодамна во едно интервју рекол дека не може тој да биде виновен за сè што се случувало во финалето.
Прашање поврзано со оваа тема од бразилските новинари добил напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино.
„Не би го коментирал тоа. Тој на свој начин гледа на она што се случуваше во финалето, а јас мислам дека е идиот. Тоа е во ред“, рекол Фирмино.
Рамос се потсмева со Кариус и Салах: Што е следно, Фирмино беше настинат?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шкендија ќе игра против Копенхаген ако го мине ФЦСБ, ако испадне ја чека Дрита

Фудбалерите на Копенхаген успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Данците во наредната рунда ќе играат против Шкендија или ФЦСБ.
Шампионот на Данска беше подобар од екипата на Дрита и во вториот натпревар, во Приштина победи со 1:0. Првиот меч во Копенхаген заврши со триумф на Копенхаген 2:0.
Единствениот стрелец беше искусниот Андреас Корнелиус, тој во 42.минута ја искористи асистенција од норвешкиот репрезентативец Мохамед Елјунуси.
42' | Goal for Copenhagen.
Drita ⚪️ 0-[1] 🟢 Copenhagen
⚽ Cornelius | Agg: 0-3#UCL | #Drita | 🇽🇰🇩🇰 pic.twitter.com/yqIsiWodQG— Kosovo Football 🇽🇰 (@FootballKosovo) July 29, 2025
Шкендија утре го игра преваншот во Букурешт, ќе ја брани предноста од 1:0. Доколку Шкендија помине во третото коло ќе игра против Копенхаген. Доколку биде елиминирана, Шкендија се сели во квалификациите за Лига Европа и противник ќе и биде Дрита.
Спорт
(Видео) Жестока тепачка на навивачите Црвена звезда со полицијата

Фото/ б92
Црвена звезда избори пласман во третото коло, во Лигата на шампионите. Очекувано српскиот шампион по победата 1:0, во Гибралтар на Линколн, славеше и во реваншот со 5:1.
Натпреварот во Белград имаше жестока увертира. Еден час пред почетокот навивачите на Црвена звезда, пред северната трибина се судрија со полициските сили.
„Крвави луѓе има насекаде. Пукаат топовски удари“, обајви „Спорт клуб“.
До пресметката дошло откако навивачите, поради актуелната ситуација во Србија и протестите кои траат девет месеци им скандирале на полицајците.
„Ги тепате луѓето за ситни пари, ги штитите крадците.“
29.07.2025, FK Crvena Zvezda🇷🇸 – Lincoln Red Imps FC🇬🇮, Delije fight with 1312 before match, click for more here: https://t.co/xaqymQFcHE
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/DDTKGtUcis— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) July 29, 2025
Novi snimci nereda koje su zabeležili naši reporteri, pratite događaje na sajtu Sport kluba!
„Pucaju topovski udari, Delije skandiraju: ‘Bijete narod za male pare, štitite lopove’. Jako je tenzično, bez obzira na jake policijske snage navijači se i dalje ‘zaleću’ na njih“,… https://t.co/212vIacXk2 pic.twitter.com/DhQIJX2VAF
— Sport Klub (@sportklub) July 29, 2025
Спорт
Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.
Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.
Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.
Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.
И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.
Фото/ Принскрин