Спорт
Давитков го помести почетокот на подготовките
Селекторот на кошаркарската репрезентација на македонија, Јорданчо Давитков, го презакажа почетокот на подготовките за натпреварот потив Швајцарија. Давитков решил да им даде уште една недела одмор на најдобрите македонски кошаркари.
Репрезентативците …


Селекторот на кошаркарската репрезентација на македонија, Јорданчо Давитков, го презакажа почетокот на подготовките за натпреварот потив Швајцарија. Давитков решил да им даде уште една недела одмор на најдобрите македонски кошаркари.
Репрезентативците наместо на 11.јуни првиот собир ќе го имаат на 18.јуни во 10:00 часот во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.
Подготвките ќе траат до 27.јуни кога ќе репрезентативците ќе отпатуваат за Фрибург каде ќе го одиграат последниот натпревар во рамки на првата фаза од прет-квалификацискиот циклус за Евробаскет 2021.
Македонија го обезбеди првото место во А-групата, со трите победи во првите три натпревари.
Списокот на кошаркари повикани за прв собир
Војдан Стојановски,Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко, Александар Штерјов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тројца фудбалери ги кочат трансфер активностите на Јувентус

Славниот клуб од Торино, Јувентус, не може да продолжи со активностите во преодниот рок сè додека не се отпушти тројцата фудбалери.
Даглас Луис, Тимоти Веа и Душан Влаховиќ се на листата за заминување, објавува „Газета дело Спорт“.
Српскиот напаѓач е на листата на желби на Милан, но сè уште нема конкретни чекори во врска со неговиот трансфер. И 25-годишниот централен напаѓач не брза, верува дека ќе се појави вистинската опција. Најголемиот проблем претставува платата која во наредната сезона ќе му припадне на Влаховиќ. Станува збор за сума од 12 милиони евра, ниту еден клуб не може да му понуди толкава плата.
Тимоти Веа сака да се пресели во Марсеј. Олимпик понуди 15.000.000 евра, Јувентус, бара најмалку 20 милиони за реализација на трансферот.
И Даглас Луис има амбиција повторно да се обиде во Премиер лигата. Фенербахче неодамна се распрашуваше за него, но играчот од средниот ред ја одби можноста да оди во Турција. Во исто време, тој не се појави на почетокот на подготовките, но во меѓувреме им се придружи на своите соиграчи.
Медиумите шпекулираат дека Јувентус му го понудил Бразилецот на Њукасл во замена за Сандро Тонали.
Фото/ Принскрин
Спорт
Манчестер јунајтед заинтересиран за Воткинс и Шешко

Манчестер јунајтед, откако ги засили крилните позиции во нападот со Матеуш Куња и Брајан Мбуемо, се пушти во потрага по класична „деветкс“. Клубот ќе се фокусира на ѕвездите на Астон Вила и Лајпциг, репрезентативците на Англија и Словенија, Оли Воткинс и Бенјамин Шешко.
Британските медиуми истакнуваат дека Воткинс и Шешко се на врвот на листата на желби на „Црвените ѓаволи“, доколку клубот од „Олд Трафорд“ одлучи да доведе напаѓач во летниот преоден рок.
Се наведува и дека челниците на Манчестер јунајтед се согласуваат дека клубот мора да се ослободи од неколку играчи, но се додава дека тоа можеби нема да се случи пред крајот на преодниот рок на 1 септември.
Астон Вила бара 60 милиони фунти за Воткинс, што е премногу за Манчестер јунајтед. Воткинс има договор со клубот од Бирмингем до 2028 година.
Би-Би-Си објави дека бројни европски клубови се заинтересирани за Шешко. Шешко одигра 45 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг минатата сезона и постигна 21 гол. Се претпоставува дека Лајпциг за него бара помеѓу 70 и 75 милиони евра.
Фото/ Принскрин
Спорт
Милосављев од наредната сезона се сели во Кјелце
Голманот на германскиот првак, Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, по истекот на договорот ќе се пресели во Полска. Од сезоната 2026/2027, поранешниот голман на Вардар ќе ги брани боите на Кјелце.
Како што пишува „handball-planet.com“, новиот клуб на српскиот голман, повторно гради силен тим, но во тој тим веројатно ќе го нема семејството Душебајев. Алекс и Даниел и нивниот татко Талант се на мета на Кил.
Милосављев е во Берлин од 2019 година, дојде во тимот откако ја освои европската титула со Вардар.
Минатата сезона, „Лисиците“ го продолжија договорот со првата ѕвезда на тимот, Матијас Гидсел, до 2029 година, и се чини дека во буџетот немаат доволно пари за да го продолжат договорот и со голманот.
Кјелце е во пад со години, по два настапи во финалето на Лигата на шампионите, сезоната пред минатата беше елиминиран во четвртфиналето, а претходната сезона веќе во првата нокаут рунда.
Веќе две години, тимот на Талант Дујшебаев го губи приматот во Полска од Висла од Плоцк. Ова лето, најголемото засилување е словенечкиот ас Алекс Влах од Алборг. Хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица, десен бек на Загреб, заедно со Милосављев, ќе пристигне следното лето.
Foto/ EPA