Контакт

Европа

Узбекистанецот кој со камион уби пет луѓе во Стокхолм, осуден на доживотен затвор

Објавено пред

Узбекистанецот кој минатата година со камион прегази пет лица во Шведска е осуден на доживотна казна затвор за тероризам. Рахман Акилов (40), покажал симпатии кон Исламска држава, пред да го изврши нападот во Стокхолм, пренесуваат шведските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Обвинителите мораа да докажат дека тој имал намера да и наштети на државата, откако ИД не соопшти дека стои зад нападот. Акилов бил одбиен за азил, а полицијата брзо по нападот го уапсила. Тој го признал делото за време на полициското испрашување.

Акилов го напуштил Узбекистан и заминал за Шведска во 2014 година, каде побарал престој, но во декември 2016 година му било соопштено дека има четири недели да ја напушти земјата, по што исчезнал, а неколку месеци пред нападот, бил ставен на листа на барани лица.

На 7 април, Акилов украл камион и возејќи го со голема брзина на една од најпрометните шопинг улици во Стокхолм усмрти пет лица, а уште десет други беа повредени.

Европа

(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Објавено пред

Фото: принтскрин

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.

„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.

Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.

Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Европа

Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Објавено пред

Фото: принтскрин

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.

dobivaj vesti na viber

Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.

Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.

Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.

„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.

Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.

Засега не е познато кој стои зад нападот.

Прикажи повеќе...

Европа

Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Објавено пред

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.

dobivaj vesti na viber

Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.

Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.

Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Економија12 часа

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат...

Економија13 часа

(Видео) Андоновска: ВМРО- ДПМНЕ ги враќа достоинството и сигурноста на македонскиот земјоделец

Развојот на земјоделството е стратешки приоритет на Владата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Земјоделците се клучни за руралниот развој и економската...

Економија13 часа

(Видео) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан...

Македонија14 часа

Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025 повторно во Скопје – 1 и 2 октомври во Музејот на современата уметност

Министерот за дигитална трансформација, на прес конференција, ја најави организацијата на Дигиталниот Самит на Западен Балкан 2025, кој повторно ќе...

Македонија14 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средби со граѓаните на Струга порача дека власта на ВМРО-ДПМНЕ нуди само ароганција и...

Економија15 часа

Анализа на ССМ: Зголемувањето на минималната плата не води кон затворање на компании

Зголемувањето на минималната плата не придонесува за затворање на компаниите и не ја уништува економијата, туку создава услови за развој...

Македонија15 часа

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави по повод учеството на 80. Сесија на Генералното...

Свет15 часа

Во нови израелски напади врз Газа убиени најмалку 30 лица

Најмалку 30 лица денеска загинаа во воздушните напади на израелските сили врз Газа, објави Ал Џезира. Од 30 жртви, 28...

Македонија1 ден

(Фото) Ангелов: Пожарот над скопско Батинци е намерно подметнат, имаме целосна контрола над огнот

Големиот пожар над скопско Батинци е под целосна контрола, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Поради ветерот пожарот се ширеше...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Додека народот се гуши во канцерогени честички, власта на Мицкоски се занимава со измислени приказни за хибридни напади

Владата вчера го потврди скандалот кој го објавивме и призна дека среде најголеми пожари 400-те пожарникари, кои помпезно ги најавуваше...

Економија2 дена

Вредноста на синдикалната минимална кошница во септември намалена за 430 денари

За покривање на основните животни потреби, во септември на четиричлено семејство му се потребни 65.077 денари, пресмета Сојузот на синдикати...

Македонија2 дена

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска ја обвини Владата дека лажела за степенот на загадување и доцнела со реакција по...

Македонија2 дена

(Видео) Алиу: Во рекордно време реализиравме над 1.250 вработувања во јавно здравство

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик министерот, Јовица Андовски, ги поздравија присутните на отворањето на 27. Синдикална школа...

Свет2 дена

Полска подигна борбени авиони поради руски напади врз Украина

Полските воздухопловни сили, заедно со сојузнички сили од НАТО, утрово беа ставени во состојба на највисока борбена готовност поради масовните...

Свет2 дена

Лекорни: Франција размислува за воведување на опционален воен рок

Канцеларијата на францускиот премиер, Себастијан Лекорни, наговести дека е во тек воведување на ревидиран, опционален воен рок во земјата. Доброволниот...

Свет2 дена

Кошта: На 1 октомври ЕУ ќе разговара за одговорот на руските провокации

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изјави дека лидерите на Европската унија ќе одржат состанок во Копенхаген на 1 октомври...

Свет2 дена

Руското министерство за одбрана ги отфрла наводите за нарушување на естонскиот воздушен простор

Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор...

Свет2 дена

„Може да биде голем проблем“, рече Трамп за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе добие детални информации за руското нарушување на воздушниот простор на Естонија и...

Свет2 дена

Премиерот на Естонија бара консултации по член 4 од НАТО поради руските авиони

Естонија одлучи да побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на руски...