Економија
ГСОЛ: Тужбата од „Кунико“ за „Фени“ е обид да се изврти вистината
Злонамерната и клеветничка тужба од страна на „Кунико“ пред холандските судови е оркестриран обид да се дефокусира јавноста и да се изврти вистината, реагираат од швајцарската компанија ГСОЛ, закупец на кавадаречки „Фени“. Реакцијата доаѓа кога во холандските медиуми беше објавено дека компанијата „Кунико ресорсис“ како поранешен сопственик на „Фени“ во Амстердам тужи 9 фирми и 4 физички лица, меѓу кои и вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој е осомничен за координирање акција за киднапирање на имотот на „Кунико“ .
„ГСОЛ е меѓународен инвестициски фонд со десетгодишна историја и над 2.000 вработени во никел-индустријата, како и во другите рударско-металски области. ГСОЛ и неговиот подружник ‘Евроникел’ инвестираа над 70 милиони евра во последните шест месеци за да го спасат ‘Фени’ од банкрот и од затворање, сето тоа направено со најголемо ниво на транспарентност и отвореност, а во интерес на сите засегнати страни, со посебен фокус на работниците и доверителите“, стои во реакцијата од ГСОЛ.
Од ГСОЛ потсетуваат дека ’Кунико’ е компанијата што го довела „Фени“ до крајно проблематична состојба, а дејствата на менаџментот на ‘Кунико’ се предмет на истрага за криминални прекршоци од страна на холандските и македонските власти.
Вработените во „Фени“, пак, велат дека обвинувањата на „Кунико“ се нереални.
„Тужбите на ‘Кунико“ се во најмала рака смешни затоа што во септември минатата година ‘Кунико’ буквално исчезна преку ноќ, а зад себе остави фабрика без производство, вработени на улица без плата и уште го претставуваше ‘Енекод’ со 200.000 актива како инвеститор што би сервисирал долг од речиси 70 милиони евра, а фабриката за која сега тврдат дека им е украдена ја дава за еден долар“, велат од фабриката.
Против раководството на „Фени“ во периодот кога фабриката беше сопственост на „Кунико“ се поднесени три кривични пријави во Македонија. Управата за финансиска полиција поднесе две од нив кога утврди дека поранешниот директор Јусуф Миракхмедов направил отпис на незастарени побарувања, со што ѝ нанел штета на фабриката од 51 милион долари, а отуѓувал и резерви на фероникел и друга руда на која банките имале заложно право поради што е осомничен дека ја оштетил фабриката за дополнителни 30 милиони долари. Кривична пријава против раководството поднесе и малцинскиот партнер во „Кунико“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност и овластувањето, измама и оштетување или привилегирање доверители на штета на компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)