Спорт
Премиерлигашите добија зимска пауза
Премиерлигашките екипи, прв пат во историјата, ќе имаат зимска пауза, што е пракса во останатите европски национални првенства.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), потврди дека тимовите од Премиер лигата, во февруари, ќе имаат пауза од две недели….


Премиерлигашките екипи, прв пат во историјата, ќе имаат зимска пауза, што е пракса во останатите европски национални првенства.
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), потврди дека тимовите од Премиер лигата, во февруари, ќе имаат пауза од две недели.
Од ФА се надеваат дека воведувањето на зимската пауза ќе им помогне на клубовите да остварат забележителни резултати во европските купови.
„Со години водевме разговори паузата да биде воведена и конечно успеавме да го направиме тоа“, рекол Мартин Глен, извршниот директор на ФА.
Инаку, паузата не е воведена за време на новогодишните и Божикните празници, поради големиот интерес на медиумите и носителот на правата за емитување на натпреварите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сандро Тонали пред сензационален трансфер во Серија А

Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра.
Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, „Старата дама“ наводно веќе воспоставила контакт со Њукасл. Јуве би платил 40 милиони евра , во замена за играчот што сака да го продаде, Даглас Луиз (27). Бразилецот не ги исполни очекувањата по трансферот од Астон Вила.
Сите детали за овој потенцијален трансфер ќе бидат појасни во наредните денови, но едно е сигурно: Јувентус е подготвен да направи сериозен чекор со цел да го врати Тонали во Серија А.
Фото/ Принскрин
Спорт
„Шумарите“ во Болоња најдоа замена за Еланга

Фудбалерот на Болоња, Ден Ендој, ќе стане ново засилување на Нотингем Форест, откако англискиот клуб се согласи на трансфер вреден 40 милиони евра, објави „Скај Спорт Италија“.
Толку ќе биде фиксниот дел од обештетувањето според договорот меѓу двата клуба, додека Болоња може да смета на до три милиони бонуси и проценти од наредната продажба.
Долго време за Ендој интерес покажуваше италијанскиот првак Наполи. Сепак првиот човек на наполитанците, Аурелио Де Лаурентис, не сакаше да плати 40 милиони за крилниот напаѓач.
Ендој ги договори личните услови и со Наполи и со Форест. Овој крилен напаѓач има 24 години и пристигнува на „Сити Граунд“ како замена за Ентони Еланга, кој се приклучи на Њукасл.
Швајцарскиот интернационалец постигна девет гола и запиша шест асистенции на 41 натпревар за Болоња минатата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на Купот на Италија.
Ендој претходно играше за Базел, Ница и Лозана.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лидс извиси, Паишао се сели во Марсеј

Фудбалерот на Феенорд, Игор Паишао, е блиску до трансфер во Олимпик Марсеј, кој постигна договор за обештетување со холандскиот клуб.
На овој начин, францускиот клуб ја доби трката со Лидс јунајтед за потписот на бразилскиот фудбалер. Паишао доби дозвола да отпатува во Марсеј на лекарски прегледи. Претходно, „Екип“ објави дека Марсеј подготвил нова понуда за овој играч, додека Лидс се обидел да го грабне испраќајќи понуда вредна 32 милиони евра.
Феенорд претходно одби две понуди од Марсеј, првата од 16 милиони евра и втората од 28 милиони евра. Феенорд ја прифати третата понуда од 35 милиони евра.
Марсеј претходно ги доведе Анхел Гомес од Лил, како и Си Џеј Еган-Рајли од Барнли и Факундо Медина од Ленс.
Во меѓувреме, враќањето на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг во клубот се очекува да се случи во наредните денови.
Паишао одигра 47 натпревари за Феенорд минатата сезона со 18 гола и 14 асистенции. Неговата примарна позиција е лево крило, но може да игра и како офанзивен играч од средниот ред.
Тој пристигна во Холандија во летото 2022 година, а претходно играше за Коритиба и неговиот матичен клуб Лондрина.
Фото/ Принскрин