Свет
„Њујорк тајмс“: Подготовките се во тек, кој каде ќе седи, што ќе јаде Трамп, а што Ким и кој ќе плати
За подготовките за разговорот за иднината на односите меѓу двете земји ќе биде потребно да се спроведат безбројни одлуки, неверојатен број детали, често со употреба на итри дипломатски преговори. Не е исклучено преговорите да бидат откажани во последен момент, но засега сè се одвива дека Ким и Трамп ќе се сретнат на 12 јуни во Сингапур.
Двете страни ќе преговараат за сè, од местото на средбата до позицијата каде ќе седи едниот, а каде другиот на масата во просторијата, кому ќе му биде дозволено да присуствува, бројот на паузи за јадење, што ќе се користи за здравица на лидерите (особено е проблематично тоа што Трамп не пие алкохол), какви подароци ќе бидат разменети. На крајот, треба да се договори и кој ќе плати за сето тоа, пишува „Њујорк тајмс“.
Безбедноста е главното прашање за двете страни. Како домаќин Сингапур ќе биде задолжен да обезбеди сигурност на патиштата и другите јавни објекти, но САД и Северна Кореја ќе водат сметка за безбедноста на своите лидери.
Секојпат кога американскиот претседател оди на меѓународен пат, го следи многубројна тајна служба, како и лимузина, хеликоптери и други возила за заштита. Од друга страна, пак, Ким има мало искуство со далечни патувања, а заминувањето до Сингапур ќе му биде најаделчно во досегашната кариера.
Властите сè уште не објавиле каде во Сингапур ќе се одржи средбата. Многумина типуваат на хотелот „Шангри-ла“ во кој претходните претседатели на САД сакале да престојуваат. Сепак, одделни претставници на Сингапур сметаат дека средбата ќе се одржи на островот Санос.
“We will be meeting on June 12th in Singapore.” –@POTUS
We look forward to supporting President Trump’s efforts to lead the U.S.-#DPRK relationship into a new era of peace, prosperity, and security. pic.twitter.com/VGrx7hcpNE— Secretary Pompeo (@SecPompeo) June 1, 2018
„Вашингтон пост“ објави дека заменик-шефот на кабинетот во Белата куќа, Џо Хеген, водел разговори со севернокорејските претставници за тоа кој ќе плати во хотелот за Ким и неговата делегација. Северна Кореја е позната по барањата странските влади да го платат сместувањето на нивните претставници кои патуваат надвор од земјата. Така, Јужна Кореја плати 225.000 долари за оброкот, превозот и хотелот за делегацијата од Пјонгјанг за време на Олимписките игри.
Според некои наводи, посетата на Ким би можела да ја плати и владата на Сингапур. Прашањето кој и што ќе плати би требало да падне на оној што го организира состанокот, но тоа го носи и прашањето кој одлучува за менито, како и кој ќе влезе прв во салата.
Трамп е познат по своите опуштени средби со странски лидери, дури и со кршење на протоколот, но дипломатите што веќе имале искуство со Северна Кореја велат дека Пјонгјанг е многу свесен за прашањата за статусот. Тие сметаат дека ќе се води сметка за деталите, како што е местото на масата што ќе го заземе Ким.
Организаторите ќе ги проверат сите детали, како и тоа дали вратата е заклучена. Кога во 2005 година Џорџ Буш се сретна со кинескиот колега Ху Џинтао, се обиде да излезе, но вратата беше заклучена. Ќе се договара и дали на заедничката прес-конференција, на заедничката фотографија, да бидат прикажани знамиња на двете земји или не.
i was trying to find a George bush reaction gif but have been left wheezing to myself at this . nothing but respect for MY locked door pic.twitter.com/7xUVeu773Y
— MISS JUICY BABY (@MARlANTHl) August 31, 2017
Најважно за САД е средбата да не се одржи во Пјонгјанг, каде што сè би било во рацете на домаќинот. Кога Медлин Олбрајт во 2000 година беше во Северна Кореја, никој од американските власти не знаеле каде и кога ќе се сретне со Ким Џонг-ил.
Ким, сепак, би можел да изведе некој трик, како оној што го приреди на средбата со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин на границата кога држејќи го за рака, го поведе во Северна Кореја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Свет
Трамп му даде целосна поддршка на Орбан пред изборите во Унгарија: „Тој е силен и моќен лидер“
Американскиот претседател, Доналд Трамп, јавно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, порачувајќи дека има негова целосна и апсолутна поддршка за нов мандат.
Трамп пред изборите што ќе се одржат во таа земја, рече дека Орбан е навистина силен и моќен лидер.
„Бев горд што го поддржав Виктор за реизбор во 2022 година и чест ми е што тоа го правам повторно. Виктор Орбан е вистински пријател, борец и победник и ја има мојата целосна и апсолутна поддршка за реизбор за премиер на Унгарија – тој никогаш нема да го изневери големиот унгарски народ“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Трамп додаде дека Орбан е навистина силен и моќен лидер, со докажан успех во постигнувањето феноменални резултати.
„Тој неуморно се бори за својата голема земја и народ и ги сака, исто како што јас го правам тоа за Соединетите Американски Држави“, истакна Трамп.
Според него, Орбан вредно работи на заштитата на Унгарија, развојот на економијата, создавањето работни места, промоцијата на трговијата, запирањето на нелегалната имиграција и обезбедувањето закон и ред.
„Односите меѓу Унгарија и Соединетите Американски Држави достигнаа нови височини на соработка и спектакуларни достигнувања под мојата администрација, во голема мера благодарение на премиерот Орбан. Со нетрпение очекувам продолжување на блиската соработка со него, за двете наши земји дополнително да го унапредат овој огромен пат кон успех и соработка“, заклучи Трамп.
Регион
Четиричлено семејство почина во Италија од труење со јаглероден моноксид
Четиричлено семејство – родителите и нивните две деца, настрадало во својот дом во италијанската покраина Тоскана, поради труење со јаглероден моноксид, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, жртвите се таткото Арти, мајката Јонида (43), синот Хајдар (22) и ќерката Џесика (15). Петтото лице од домаќинството е префрлено во болницата Чизанело во Пиза во тешка состојба, но според достапните податоци не е животно загрозено, пренесе Раи Уно.
На местото на настанот интервенирале припадници на противпожарната служба, карабинерите и екипи на итната медицинска помош, пренесе Итaлпрес.
При прегледот на објектот, тројца карабинери исто така добиле полесни симптоми на труење и им била укажана медицинска помош.
Прелиминарната истрага е насочена кон проверка на исправноста на котелот за централно греење, со цел да се утврди причината за трагедијата. Италијанските медиуми наведуваат дека семејството е со потекло од Албанија.

