Македонија
Либералната партија ја поддржува одлуката да ѝ се даде 24-часовна полициска заштита на судијката Кацарска

Либералната партија денеска преку соопштение обрнува внимание на, како што се вели, опасната појава на закани кон судии и обвинители и истакнува дека ја поддржува одлуката да ѝ се даде 24-часовна полициска заштита на судијката Кацарска, притоа охрабрувајќи ги надлежните органи и во сите идни случаи правовремено да постапуваат на тој начин.
Оттаму додаваат дека сите оние што мислат дека со закани ќе ги присилат судиите да водат постапки и да судат спротивно на нивната совест и законот, прават обид да се стават не само над правосудството туку и над државата.
„Ако не се обезбеди непречена активност на правосудните органи во земјата, ќе настапат општ хаос, безредие и насилство. Подземјето секогаш ќе биде вознемирено кога правосудството процесира и санкционира криминал, а темелното соочување со правдата за случаи од изминатите десет години, но и воопшто во изминатите две децении, станува сè поизвесно преку работата на специјалното јавно обвинителство“, стои во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.