Македонија
Судот во Стразбур ги разгледува жалбите на обвинетите од СЈО
Европскиот суд за човекови права во Стразбур за „Макфакс“ потврди дека до нив годинава стигнале неколку жалби од адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство.
„Судот прими пријави од апликантите кои кривично ги гони специјалното јавно обвинителство“, велат од ЕСЧП за „Макфакс“. Не одговорија на прашањето дали се изјасниле за прелиминарното испитување на допуштеноста на пријавата. Од судот тврдат дека сите пристигнати жалби се индивидуални и дека се за различни правни повреди. Неофицијално, една од жалбите се однесува на одлуката бомбите да бидат доказ во судските постапки на СЈО.
Адвокатот Димитар Дангов, кој е дел од адвокатскиот тим на Груевски, за „Макфакс“ потврди дека од март поднеле неколку барања до ЕСЧП, но не откри детали од кои обвинети се жалбите, дали добиле одговор и во која фаза е разгледувањето на жалбите.
Истото го потврди и адвокатот Донче Наков, кој рече дека жалбите се однесуваат на различни повреди на Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи. Тој се повика и на новите измени во Законот за судови, каде, како што рече е предвидена одговорност за судии, доколку не ги почитуваат одлуките на ЕСЧП, иако досега таква одлука на судот нема.
Даница Џонова, владиниот агент пред ЕСЧП за „Макфакс“ рече дека освен одговорот кој треба да го испратат за уривањето на станбениот комплекс „Космос“, кој не е директно поврзан со судскиот процес „ТНТ“, досега немаат добиено информации за други жалби поднесени до Европскиот суд за човекови права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски објави видео: Скопското Кале целосно исчистено и уредено
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, со порака дека скопското Кале е целосно исчистено и уредено.
Преку својата изјава, градоначалникот Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје.
Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.
Од Град Скопје велат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските знаменитости во главниот град.
Македонија
Облачно со дожд и снег, магла по котлините – врнежливо и во наредните денови
Времето утре облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
Средба Сали – Кочиу: Забрзување на ONE STOP SHOP и нов импулс за институционалната соработка меѓу Македонија и Албанија
Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу
За време на средбата беа разгледани билатералните односи меѓу двете држави, проектот ONE STOP SHOP, за кој се очекува во блиска иднина да започнат подготовките за имплементација, додека самата имплементација на системот се очекува да започне во летната сезона, како и можностите за продлабочување на меѓуинституционалната соработка и развојот на економските инвестиции.
Во овој контекст беше нагласена важноста на политичката и институционалната координација за реализација на стратешките проекти. Двете страни се согласија за интензивирање на дијалогот и секојдневната соработка меѓу надлежните институции, со цел унапредување на конкретните проекти кои го зајакнуваат партнерството меѓу двете земји и придонесуваат за стабилноста, економскиот развој и европската перспектива на регионот.

