Македонија
СДСМ: Градоначалникот на Петровец незаконски организира Ифтар вечера во основно училиште

Градоначалникот на општина Петровец од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Митевски, упатил покани за Ифтар вечера, која треба да се организирана во основно училиште во село Коњари, обвинуваат денеска од СДСМ.
„Добро е што градоначалникот Митевски изразил намера да ја негува и почитува традицијата на нашите сограѓани од исламска вероисповест и тоа е за поздравување. Но, доколку е ова точно укажуваме дека е несоодветно и незаконски тоа да се случува во училиште“, велат од партијата.
Оттаму истакнуваат дека начелата на секуларност на училиштата и законските одредби за забрана на било какво верско организирање во училиште мора да се почитуваат.
„Како одговорен политички субјект, очекуваме брза реакција од градоаначлникот Борче Митревски, планираната ифтар вечера да ја организира на друга, соодветна локација. Воедно, очекуваме Министерството за образование и наука, преку Државниот просветен инспекторат да преземе соодветни мерки, во рамките на нивните надлежности. Не треба да се дозволи да се фрли дамка на еден убав чин, поврзан со традицијата на голем број наши сограѓани и да не се дозволи на било каков начин мешање на религиите во образовниот процес“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)