Македонија
ВМРО – ДПМНЕ подигна над 90 згради во Аеродром и предвиде уште градби, велат од Општина Аеродром
Дејан Митески и ВМРО ДПМНЕ денеска повторно докажаа дека нивна единствена цел е да манипулираат со граѓаните. Сите дозволи за градба издадени од Општина Аеродром се врз основа на ДУП-ови донесени од претходното раководство, реагираат од Општина Аеродром.
„Претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ подигна над 90 нови згради во Општина Аеродром, со повеќе од 10.000 станбени единици и донесе урбанистички планови кои предвидуваат уште градби во урбаното јадро на Аеродром.
Новото раководство на Општина Аеродром во моментот ги ревидира сите урбанистички планови и за сите утврдени нерегуларности ќе реагира соодветно. Новите урбанистички планови ќе се носат транспарентно и со фокус на уредување и развивање на помалку урбанизираните делови од Општината.
Исто така, Општина Аеродром посветено работи на подигнување нови зелени површини и заштита на животната средина. Во таа насока, за оваа буџетска година се издвоени 20 милиони денари за животна средина, што е за 20 пати повеќе од минатата година. Дополнително, во тек е набавка на нови садници во вредност од 8 милиони денари, а 500 израснати дрвја се веќе засадени во соработка со Град Скопје“ велат од општината.
Од таму ја повикуваат ВМРО ДПМНЕ, како што велат, конечно да почнат да работат како конструктивна опозиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото „Матка“
Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои се наоѓале спроти ресторан „Кањон Матка“, на другата страна од езерото, односно акумулацијата „Матка“ и истите информирале дека се изгубиле и не можат во мракот да се движат, па побарале помош да преминат од спротивната страна каде што се наоѓа ресторанот и пешачката патека.
За таа цел било потребно пловно превозно средство (кајче, чамец). Регионалниот ЦУК Скопје координираше со институциите од Системот за управување со кризи и информираше дека дека за ова веднаш биле известени ПС Сарај и Општина Сарај и според повратните информации за околу еден час странските државјани биле извлечени од местото каде што се наоѓале и потоа безбедно биле префрлени преку езерото, односно акумулацијата „Матка“, извести ЦУК.
Скопје
ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите кои заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.
Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК.
Македонија
Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно
Утрото ќе биде студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Ќе преовладува променливо облачно време со појава на утринска магла понекаде во котлините. Утринските температури ќе бидат претежно околу нулата, а дневните во делови од земјата ќе надминуваат 10 степени. Локални врнежи од дожд, а на планините од снег ќе има во вторник, а потоа се очекуваат и на крајот од неделата.