Контакт

Свет

Швајцарија ќе ги блокира сите странски интернет-страници за обложување

Објавено пред

Граѓаните на Швајцарија во неделата на референдум со огромно мнозинство го поддржаа новиот закон со кој треба да се блокираат сите странски интернет-страници  за коцкање, пренесува швајцарски „Локал“.

dobivaj vesti na viber

На референдумот 72,9 отсто од Швајцарците заокружиле „да“ за новиот закон за коцкање, чија цел е да ја спречи зависноста и покрај критиките за интернет-цензура од противниците на законот. Гласањето претставува сериозен пораз за противниците што собраа 50.000 потписи за да го оспорат законот со референдум.

Законот, за кој владата вели дека ја приспособува легислативата за дигиталната ера и ја зголемува заштитата од зависности, веќе беше изгласан во двата дома на швајцарскиот парламент и треба да стапи во сила во 2019 година. Од тогаш, според овој закон, кој е меѓу најстрогите во Европа, работа на интернет ќе им биде дозволена само на казината и обложувачниците сертифицирани во Швајцарија. Тоа ќе им овоможи на швајцарските компании првпат да понудат обложување онлајн, но во основа ќе ги блокира странските компании од пазарот. Швајцарската влада се надева дека овој закон ќе помогне да се намали бројот на зависници од коцкање.

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет3 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет10 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет10 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет11 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет11 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет12 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија24 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет1 ден

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...