Македонија
Бујар Османи го брифираше врвот на ДУИ за преговорите за името

Вицепремиерот Бујар Османи имаше средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и членовите на Централното раководство во седиштето на партијата во Тетово. Тој информираше дека на барање на лидерот Али Ахмети го брифирал Претседателството на ДУИ за текот и напредокот на Владата во разговорите со Република Грција за решавање на меѓусебниот спор.
„Ги известив членовите на Претседателството и лидерот Али Ахмети, за конечните позиции и усогласениот став на Владата во преговорите, како и за клучните предизвици на процесот, за што побарав, а Претседателството на ДУИ донесе одлука, за целосна поддршка во преговорите, како и поддршка за усогласениот став на Владата Од тука заминувам во Владата, од каде очекувам премиерот Зоран Заев да ги соопшти конечните резултати од преговорите“, изјави Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од скопски Карпош и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, соопшти дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска (петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од улица Алжирска. (Општина Карпош)
· од 11:00 до 14:00 часот, дел корисниците од Новоселски Пат во околината на ОУ Тихомир Милошевски. (Општина Ѓорче Петров).
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( петок ) поради водоводен приклучок од Ф -80мм на ул.30 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе има за корисниците од нас.Трубарево од 09:00 часот до завршување на приклучокот (општина Гази Баба)
Македонија
Сончево и многу топло со температура до 40 степени, попладне краткотрајно невреме

Времето денеска, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, грмежи и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури за 5-7 степени во споредба со денешните. Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.