Македонија
Кирацовски во посета на Кичево, Македонски Брод и Пласница

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во попладневните часови на вчерашниот ден беше со граѓаните и подржувачите на партијата во Кичево, Македонски Брод и во Пласница. Toj разговараше со граѓаните за спроведувањето на мерките од програмата кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, за решенијата на проблемите, за подобрување на животот на сите граѓани. На средбите се зборуваше и за актуелната политичка ситуација. Кирацовски се осврна на решението на спорот што Грција го има за нашето име.
„За Македонија доаѓа подобро време. Имаме историско решение што го заштитува и го зајакнува нашиот македонски идентитет еднаш засекогаш. Македонски јазик, македонски народ, Македонка, Македонец…. обезбедени. Решаваме спор што 25 години ја влечеше земјава надолу. По 25 години стагнација, се преземаат храбри чекори во интерес на граѓаните и државата. Македонија нема веќе генерации за губење, да кажеме ‘да’ за македонската иднина. Граѓаните имаат шанса на реферндум да кажат ‘да’ за иднината. Граѓаните ќе го дадат последниот збор за ова прашање чие решавање ширум ни ги отвора перспективите во евроинтеграциите“, посочи Кирацовски.
Генералниот секретар Кирацовски зборуваше за придобивките за граѓаните од решавањето на спорот, што значи членство во НАТО и започнување преговори за полноправно членство во ЕУ.
„Со решението се отстрануваат сите пречки за полноправно членство во НАТО и добивање конкретен датум за почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме покана за членство во НАТО кон средината на идниот месец. Со влезот во НАТО се гарантира безбедноста и стабилноста на нашата земја, Македонија ќе стане привлечна дестинација за нови успешни странски инвестиции, со што се отворат можности за интензивен економски раст. Почнувањето на преговорите со ЕУ значи и отворање нови фондови, проекти за меѓугранична соработка, зајакнување на капацитетите на институциите, но и повеќе пари во секое семејство. Затоа е важно што побргу да станеме дел на ЕУ и НАТО, тоа е историска мисија на нашата генерација“, истакна Кирацовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.