Свет
Русија го предупреди НАТО: Ако ја засилите борбената готовност, и ние ќе го направиме тоа

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија го предупреди НАТО поради зајакнувањето на борбената готовност во Европа.
Поточно, Александар Грушко изјави дека новиот план на НАТО за зајакнување на борбената готовност во Европа ќе ja влоши безбедноста на континентот додавајќи дека Москва ќе го земе тоа предвид при разработувањето на своите воени планови.
Западни официјални претставници минатата недела најавиja дека САД вршат притисок врз европските сојузници да ангажираат повеќе баталјони на НАТО, бродови и авиони подготвени за борба во рамките на најновите тенденции за способност за одвраќање руски напад од каков било тип.
Според „Интерфакс“, Грушко остро ја критикувал ваквата иницијатива и рекол дека Москва ќе ги преземе сите неопходни воени мерки за да ја гарантира својата безбедност.
Девет земји членки на НАТО од источното крило на алијансата неодамна се согласија да соработуваат поблиску со цел да се зголеми нивната безбедност во состојба кога, како што наведоа, агресивната Русија се заканува на нивната визија за слободна и мирна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов аларм во Грац: само неколку часа по масакрот во училиштето, пристигнаа заканувачки повици

Во вторникот наутро, Грац беше шокиран од веста за масакрот во училиштето, каде што напаѓачот убил 10 лица, а потоа извршил самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нов аларм.
Како што пишува „Кронен“, само неколку часа по масовното убиство во училиштето, имитаторите го искористиле пукањето како изговор за да упатат закани.
Имено, друга гимназија во Грац добила заканувачки повик во вторникот вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.
Закана била испратена и до централната станица во Грац во вторникот попладне, пишува „Кронен“ и додава дека истрагите за овие закани се во тек.
Свет
Руски амбасадор: Обновувањето на односите меѓу САД и Русија го забавува „длабоката држава“ во Америка

Разговорот меѓу САД и Русија за решавање на прашањата во нивните билатерални односи ќе биде преместен од Истанбул во Москва, изјави денес за ТАСС новиот руски амбасадор во Вашингтон.
„Сè уште има долг пат за обновување на руско-американските односи“, рече амбасадорот Александар Дарчиев.
Според него, зближувањето со Москва го забавуваат таканаречената „длабока држава“ во САД и антируските „јастреби“ во Конгресот.
„Можам да потврдам дека во блиска иднина во Москва ќе се одржат нови разговори на делегации“, рече Дарчиев.
Војната во Украина предизвика најголеми тензии во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Искусни дипломати од Москва и Вашингтон изјавија за Ројтерс во 2024 година дека не можат да се сетат дека односите некогаш биле полоши.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го смета украинскиот конфликт за посредничка „proxy“ војна меѓу САД и Русија. Трамп постојано предупредуваше на ризикот од ескалација на конфликтот во светска војна.
Свет
ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Европската комисија денес објави дека го додаде Монако на листата на земји со „висок ризик“ во однос на перењето пари, како и дека ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата.
Европската комисија се согласи со „сивата листа“ на Работната група за финансиски дејствија (FATF), меѓународно тело задолжено за евалуација на активностите на земјите во борбата против перењето пари.
Монако е на нивната листа од 2024 година.