Македонија
Владиниот сектор за односи со јавност ќе добива насоки и експертиза од сервисот на британската влада
Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, во Владата го потпишаа меморандумот за соработка меѓу владите на двете земји за поддршка во креирањето и реализацијата на стратегијата за комуникации со јавноста на македонската Влада.
Како што информираат од владината прес-служба, стратегијата има цел да биде значаен прилог во градењето високи стандарди и примена на најдобрите принципи и искуства во комуникациите, транспарентноста и отчетноста на работата на Владата.
Министерот Поповски во обраќањето истакна дека македонската Влада поставила нови стандарди во однос на комуникациите, транспарентноста и отчетноста, врз основа на конструктивни препораки на новинарите, на стручната јавност, на граѓанските организации, како и врз основа на гласот на граѓаните.
„Се разбира, за да одговориме на еден таков предизвик, со неопходната одговорност за висока професионална испорака на резултатите од преземените обврски, беше неопходно да формираме професионален сектор за комуникации за да се оствари ветената цел – поголема транспарентност и отвореност на Владата, како и редовна подготовка, следење и известување за јавните активности на премиерот Заев и на другите членови на Владата“, нагласи министерот Поповски.
Во завршницата на своето обраќање министерот нагласи дека заедничка цел на партнерите во реализацијата на овој меморандум е да се обезбедат комуникациски активности од светска класа, кои ги поддржуваат приоритетите на Владата креирани во име на интересите на граѓаните како систем и стандарди за секоја идна влада.
Амбасадорот Чарлс Гарет во своето обраќање на овој настан како особено значајна ја оцени соработката меѓу двете земји и нагласи дека таа соработка ги одразува исклучително блиските и искрени пријателски односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Гарет како посебно важна ја оцени посветеноста на македонската Влада да созаде високи стандарди за комуникација на своите политики во интерес на граѓаните и дека неговата земја во наредните две години ќе обезбеди програма со која искуството и експертизата на Сервисот за комуникации на британската влада ќе им бидат пренесени на професионалците во секторот за односи со јавноста во Владата на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

