Македонија
Во дворот на Клиниката за детски болести во Скопје отворено детско игралиште
Пред влезот на Клиниката за детски болести во Скопје од денеска е отворено детско игралиште. Тоа е изградено од американската невладината организација „Линк акрос“, во партнерство со софтверската компанија „Армедија“ и Клиниката за детски болести. Во изградбата учествуваа вработени од „Армедија“, како и други волонтери. Игралиштето е изградено од природен и квалитетен материјал и ќе биде прекрасно место за разонода на дечињата и нивните семејства додека ја посетуваат болницата.
Ова игралиште е второто од ваков тип изградено во партнерство меѓу „Линк акрос“ и „Армедија“. Минатата година заедно реализираа сличен проект во основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Со овој проект се продолжува долгогодишната успешна соработка помеѓу „Линк акрос“ и Клиниката за детски болести во Скопје како што во минатото беше проектот за отворање педијатриски ургентен центар во болницата, како и воведувањето нови методи на одделението за интензивна нега преку размена на искуство со американски доктори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

