Црна хроника
Наставничка ја удрила директорката на основното училиште во Зелениково
Наставничка вработена во основно училиште во скопското село Зелениково ја удрила директорката во училиштето. Полицијата информира дека на инцидентот што се случил вчера претпладне во училиштето „Мaрко Цепенков“ му претходела расправија меѓу двете колешки.
Додека се расправале во ходникот пред канцеларијата на директорката, наставничката ја удрила директорката, а случајот веднаш бил пријавен во полиција. Полицијата го расчистува насилството по што ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 28-годишник од Косово, се обидел да поткупи граничар со 5 евра
Вчера во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 28-годишниот В.Л. од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.
При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.
Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пронајден скопјанец: прегазил жена, па се обидел да избега
Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско- косовска бригада“ и ул.„Св. Прохор Пчински“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(31), удрило во З.П.(45), двајцата од Скопје, и го напуштило местото.
По преземени мерки, Б.К. бил пронајден.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
81-годишна скопјанка им дала речиси 2 милиони денари на измамници кои ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
81-годишна жена од Скопје вчера во полиција пријавила дека е измамена за сума од 1.709.090 денари, информира Министерството за внатрешни работи.
„Според пријавеното, на 18.12.2024 околу 08.45 часот, едно лице ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и за да не одговара пред законот требало да плати одреден износ на пари. Откако ги дала парите, жената сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.