Македонија
Доктори од Универзитетската клиника во Франкфурт ќе ги обучуваат македонските кардиохирурзи

Делегација на Владата составена од министрите за здравство, за финансии и за економија, Венко Филипче, Драган Тевдовски и Крешник Бектеши, а предводена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, во Франкфурт оствари средба со тим доктори и професори од Универзитетската клиника „Јохан Волфганг Гете“.
Како што информираат од владината прес-служба, министрите и професорите од клиниката разговарале за можностите за продлабочување на соработката, особено во областа на кардиохирургијата и кардиологијата.
Потенцирајќи дека голем дел од пациентите од Република Македонија за посложени интервенции сè уште се препраќаат на лекување во странство, министерот за здравство, Филипче, истакнал дека на тој начин и пациентите непотребно се измачуваат, а од друга страна, докторите не учат нови и модерни кардиохируршки техники.
„Со официјализирање на соработката со Универзитетската клиника “Јохан Волфганг Гете“ за пациентите ќе овозможиме неопходните кардиохируршки интервенции да ги добиваат на Клиниката за кардиохирургија во Скопје. Процедурите ќе ги изведуваат нашите доктори заедно со кардиохирурзите од Универзитетската клиника во Франкфурт. На тој начин специјалистите кардиохирурзи ќе се дообучуваат и во Македонија ќе добиеме врвни експерти од оваа област“, истакнал Филипче.
Исто така, на денешната средба се разгледувала и можноста доктори од здравствените установи во Македонија повремено да доаѓаат на краткорочни и долгорочни доедукации на клиниката во Франкфурт, Германија.
Професорот Томас Валтер, кој 25 години работи како кардиохирург и е директор на одделот за кардиохирургија во болницата во Франкфурт, истакна дека особено е значајна соработката меѓу докторите од разни земји. Тоа, како што рече, е одлична можност да се разменат искуства и идеи во одредена област. Придобивката, истакна тој, секако е најголема за пациентите.
„Мора да работиме заедно, а не самостојно. Секоја интервенција бара тим од лекари. А тимот може да биде составен од лекари од нашата клиника и вашата клиника за кардиохирургија во Скопје“, додаде професорот Валтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Професорот Горан Марковски ќе се кандидира за градоначалник на Скопје

Професорот Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, ќе биде независен кандидат за градоначалник на град Скопје, соопшти граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од платформата.
Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни“ заедно, составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.
Македонија
ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг: Нека се истражи имотот на секој политичар и на секоја политичка партија

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која има право да држи лекции за борбата против корупцијата, криминалот и политичките влијанија, затоа што денес, од позиција на власт, јасно демонстрира дека има само една цел: целосно да ја зароби државата, особено правосудството, велат од ДУИ.
Според нив, под водство на оваа влада, политиката отворено се меша во Обвинителството, Републичкиот судски совет и Советот на јавни обвинители, со класични политички сценарија за ставање на правдата под контрола.
ДУИ, додаваат од таму, не се плаши од независно правосудство ниту од транспарентност.
„Напротив, ние нудиме конкретно решение: ветинг со меѓународен мониторинг, за целосно чистење на политичката и јавната сцена од секое коруптивно влијание. Нека се истражи имотот на секој политичар и на секоја политичка партија. Нека се истражи најголемиот корупциски процес во државата – приватизацијата, која создаде недопирливи олигарси со монополи во клучни економски сектори, кои денес прават сè за да го блокираат европското интегрирање, од страв од фер конкуренција“.
ДУИ бара истрагата да се прошири и на институциите на државната безбедност и нивните вработени од 1945 година до денес, затоа што, како што велат, само така може да се затвори едно темно поглавје од минатото и да се изгради држава каде никој не е над законот.
„Тие што немаат што да кријат – го прифаќаат ветингот.
Времето на моноетнички проекти и етничка супериорност е завршено. Северна Македонија може да се гради само заедно, во духот на мултиетничноста и еднаквоста, а не под плаштот на „борба против корупцијата“ да се реализираат агенди кои ја поткопуваат државата и ја заробуваат за да спроведат моноетнички цели.
ДУИ останува цврсто определена да ја води државата напред кон европската интеграција, со чисти институции, со независно правосудство и со општество кое става крај на бескрајниот транзициски период“, истакнуваат од партијата на Ахмети.
Македонија
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а изгаснати се 20 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активен е пожарот во Општина Долнени во село Долгаец каде гори мешана шума.
Под контрола се пожарите во Јасен, каде гори мешана шума, и во Гевгелија, на планината Кожуф каде гори висока шума.
ИЗГАСНАТИ: 20
1. Општина Штип: с. Судик (стрниште);
2. Општина Дебар: с. Елевци (ниска вегетација);
3. Општина Куманово 1: нас. Гоце Делчев (ниска вегетација);
4. Општина Куманово 2: с. Бедиње (ниска вегетација);
5. Општина Теарце: с. Пршовце (ниска вегетација);
6. Општина Гостивар: с. Симница (ниска вегетација и ѓубре);
7. Општина Крушево: влезот на Крушево (депонија);
8. Општина Долнени: с. Гостиражни (ниска вегетација);
9. Општина Кривогаштани: с. Пашино Руфци (стрништа, ролни со слама);
10. Општина Охрид: ул. Железничка (ниска вегетација);
11. Општина Гази Баба: с. Идризово (ниска вегетација и стрниште);
12. Општина Битола: с. Велушина (сува трева и сено);
13. Општина Свети Николе: с. Бориловци (ниска вегетација);
14. Општина Кочани: с. Оризари (сува трева и гранки);
15. Општина Врапчиште: с. Топлица (ниска вегетација и ѓубре);
16. Општина Струга: с. Враништа (стрниште);
17. Општина Василево: с. Доброшинци (запалена депонија);
18. Општина Кочани: с. Оризари (стрниште);
19. Општина Чучер-Сандево: с. Горно Блаце (сува трева);
20. Општина Липково: с. Отља (сува трева).