Македонија
Шилегов ги награди најдобрите матуранти
Вo рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на најдобрите 27 матуранти, од 22 средни училиште, им додели признанија и парични награди.
„Денеска наградуваме 27 млади сограѓани првенци од 22 средни училишта на Градот Скопје, а од следната година ќе ја имаме и првата генерација од матуранти од 23-тото средното училиште во Сарај “, истакна Шилегов.
Тој додаде дека првенците се на една раскрсница во животот, дека во средношколските клупи стекнале другари за цел живот, а со своите успеси си поставиле една своја основа, и им порача да ја користат таа основа, секојдневно да се стекнуваат со нови знаења, затоа што нивниот успех, е успех токму и на градот Скопје.
Добитници на наградите и признанијaта се: Анита Иванова и Оле Димитријевска од СУГС „Лазар Танев“, Теодора Трпоска од СУГС „Јосип Броз Тито“, Бојан Јакимовски од СУГС „Кочо Рацин“, Тамара Андоновска од СУГС „Георги Димитров“, Мелике Исемова од СУГС „Арсени Јовков“, Марко Жаров од СУГС „Здравко Цветковски“, Едвин Лековиќ од СУГС „Браќа Миладиновци“, Валентин Стојановски од СУГС „Владо Тасевски“, Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“, Блин Шабани и Џемиле Идризи од СУГС „Цветан Димов“, Кире Петковски и Давид Тиранивски од СУГС „Михајло Пупин“, Матеј Јовановски и Шуајб Саќипи, Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“, Дијана Ивановска и Стефан Левковски од СУГС „Боро Петрушевски“, Леона Ебиби од СУГС „Зеф Љуш Марку“, Симона Смилевска од СУГС „Панче Арсовски“, Лидија Божиновска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Филип Михов од СУГС „Орце Николов“, Елена Костовска од СУГС „Никола Карев“, Милена Трајаноска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Мазез Зеќири од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ и Емануел Мухаџери од СУГС „Шаип Јусуф“ .
И годинава, Секторот за локален економски развој на Град Скопје, како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште на организираше екскурзија „По стапките на творците на градот“.
Целта на овој проект е запознавање на младите генерации со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција, мултиетничкиот начин на живеење во Скопје низ вековите до денес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

