Црна хроника
Почина родилка во Штип, бебето е живо

Утрово во штипската болница починала родилка, која синоќа се породила. Според информациите, бебето е живо, но не е јасно зошто починала мајката и како поминал пораѓајот.
Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврдил случајот, но без да каже повеќе детали за трагичниот настан. Се очекуваат повеќе информации за причините за смртта на родилката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
25-годишник од Битола со возило излетал од патот, со тешки повреди се здобил сопатникот

Вчера во 18.05 часот во СВР Битола е пријавено дека на магистрален пат Битола – Прилеп, во близина на надвозникот со село Долно Српци, општина Могила, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот Д.К. од Битола, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.К.(61) од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Расчистени девет тешки кражби во Битола, тројца уапсени

Денеска во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода 18-годишните П.В. и Ј.Д. и еден малолетник, сите од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле повеќе тешки кражби на кафемати на повеќе места на подрачјето на Битола и кражба на нафта од автобус.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Малолетник од Скопско истепан од негов соученик, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 17.40 часот во СВР Скопје, 53-годишниот Д.С. од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 11.00 часот во основно училиште во село Љубанци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.