Контакт

Свет

Бројот на депортации во Австрија зголемен 36 отсто

Објавено пред

Бројот на депортациите на неуспешните баратели на азил и илегалните имигранти во Австрија се зголеми 36 отсто во споредба со 2017 година кога за министер за внатрешни работи беше назначен Херберт Кикл од популистичката Партија на слободата (ФПО), пренесува „Брејтбарт“.

dobivaj vesti na viber

Во првите пет месеци од 2018 година австриското МВР регистрирало 2.926 депортации на неуспешни баратели на азил и илегални мигранти – 450 повеќе од минатата година. Покрај тоа, 2.114 мигранти самоиницијативно си заминале, пишува „Oe 24“. Бројот на барања за азил исто така се намали 40 отсто од почетокот на 2018 година. Досега годинава беа најавени 34 лета за депортации, заедно со два автобуса, при што повеќето летови беа за Косово и Нигерија.

Извештајот е објавен кога Кикл во март вети дека ќе го реорганизира австрискиот систем за азил по неколку насилни инциденти вклучувајќи го нападот со нож врз семејството во Виена од еден авганистански азилант. Австриското МВР неделава објави дека ќе побара од Федералната канцеларија за азил да ѝ даде на јавноста повеќе информации за неуспешните случаи на азил и на депортација со цел да ѝ се даде овозможи транспарентност на пошироката јавност. Еден од ефектите на отворање информации за јавноста ќе биде што агенцијата за азил сега ќе може да наведе кога мигрантите се депортирани за злосторства и какви извршиле.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц се спротивстави на предлогот на германската канцеларка Ангела Меркел да ги поврзе финансиите на ЕУ со квотите за мигранти барајќи посилни граници наместо редистрибуција на мигранти.

Засилените депортации се само дел од успехот на конзервативната популистичка влада предводена од канцеларот и лидер на австриската Народна партија, Себастијан Курц, кој беше јасен за својата поддршка за посилни европски граници и го отфрли системот на квоти на мигрантите на ЕУ.

Свет

Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години

Објавено пред

На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.

dobivaj vesti na viber

Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.

Тој сака  да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утрово во 05:38 часот е регистриран во Хрватска, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

dobivaj vesti na viber

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 92 километри јужно од главниот град Загреб и на 14 километри од границата со Босна и Херцеговина, кај Тржачка Раштела.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот најмногу бил почувствуван во централна Хрватска и во дел од Босна и Херцеговина со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.

Прикажи повеќе...

Свет

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Објавено пред

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН и додаде дека секоја страна и должи на другата и Сребреница не е единствената темна страна на таа војна.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека промовирањето на нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребреница го прекршува Дејтонскиот договор.

„Тој нацрт е едностран и политички мотивиран“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија47 минути

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија1 час

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија2 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија3 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија3 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија4 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет4 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет4 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет5 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија5 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија16 часа

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија17 часа

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија17 часа

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија18 часа

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија20 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија21 час

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија23 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија1 ден

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија1 ден

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...