Црна хроника
Уапсени 400 шверцери на хероин во Европа најголем број регрутирани во Македонија
Во заедничка акција на австриската, германската, холандската и македонската полиција, којашто траела четири години, растурена е огромна мрежа на шверцери на хероин во Европа, со големи количини на дрога.
Уапсени се околу 400 лица, а запленети се 100 килограми на хероин и помали количини на кокаин и канабис. Исто така запленети се четири тони на супстанци за мешање на дрога што е показател дека мрежата била добро организирана.Според организацијата на криминалните групи којашто е опишана во соопштението на Европол, групата наликува на Франкфурт мафијата, чии членови неколку пати беа апсени во Виена и Франкфурт.Најголем дел од членовите на криминалната група биле од Македонија, кои високо квалитетниот хероин го носеле во Франкфурт и Виена и таму го продавале по многу ниски цени.Бандата била многу добро организирана, со строга хиерархија во која никој не знаел што другите работат, за што се одговорни и која е нивната вистинска улога во синџирот. Нивната организација се карактеризирала со строга поделба на трудот и добро организирана процедури.Полициите не можеле веднаш да ја прекинат криминалната дејност на групата бидејќи по неколку поединечни успешни акции, групата повторно се опоравувала.На заедничкиот истражен тим на полициите во овие држави главната задача им била трајно да ја уништат криминалната организација во Македонија и на нејзините ќелии во Виена и во Франкфурт. Тимот работел и на локација во Ротердам.Европската Унија е значаен пазар за опојни дроги вклучувајќи го и хероинот кој главно доаѓа од Иран и Авганистан. Хероинот се шверцува преку границата со Турција за да стигне во Европа преку Балканската рута. Голем дел од овој хероин транзитира преку Бугарија, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и преку Словенија до Италија и Австрија. Втор дел од рутата е или преку Македонија и Република Албанија во Италија, или преку Романија, Унгарија и Украина во Словачка/Чешка или Полска, а потоа кон Австрија или Германија.Во последниве години, организираниот криминал се карактеризира со зголемување на соработката преку националните, етничките и бизнис граници.Околу една третина од сите групи кои се занимаваат со организиран криминал во ЕУ, се вклучени во производството и дистрибуцијата на нелегалната дрога, а се проценува дека вредноста на дрогите на нарко пазарот изнесува 12 милијарди евра годишно.Во последниве неколку години приведени се над 500 членови на Франкфурт мафијата во операцијата „Диригент“. Најголемиот дел, околу 460 се приведени на територијата на Германија, Австрија и Холандија. Во Македонија од 2009 година наваму се приведени 70 лица. Запленети се преку 220 килограми хероин, 4 килограми кокаин и неколку килограми марихуана. Документирани се трансфери на пари тешки неколку милиони евра, а десетици илјади евра се запленети, како и голем движен и недвижен имот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

