Македонија
Милевски: Нема да настане апокалипса доколку договорот биде прифатен или отфрлен
Собранието треба да овозможи граѓаните да се изјаснат на референдум за договорот и одлуката на народот треба да биде конечна. Никој да не се плаши од гласот на народот, да не се прават притисоци од ниту една страна бидејќи нема да настане апокалипса на светот и на Македонија доколку договорот се прифати или пак се отфрли“, вели за А1он и Макфакс лидерот на ЛДП, Горан Милевски.
Во пресрет на утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ во Битола по повод потпишување на договорот за промена на името на Република Македонија, Милевски смета дека во, како што кажа, овие историски моменти секој треба да е свесен за ситуацијата и да се однесува одговорно со цел да не се дозволи раздор помеѓу македонскиот народ и секој собир во насока на целиот процес треба да е достинствен и без да биде загрозена безбедноста и сигурноста на граѓаните.
„ Мора да се прекинат делбите на предавници и патриоти. Сите ја сакаме Македонија подеднакво, нема некој што ја сака повеќе или помалку. Големите партии ја имаат и најголемата одговорност. Митингот на опозицијата во Битола не смее да го посее семето на раздорот. Верувам дека новото раководство е свесно за сериозноста на ситуацијата и за историскиот момент и дека ќе умеат да се наметнат над ситуацијата. Не очекувам тензии и проблеми, но треба да се води сметка за вокабуларот и пораките кои ќе се упатат од овој собир“ вели Милевски.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

