Црна хроника
Пијан струмичанец истепал полицаец во полициска станица
Четириесет иедногодишен струмичаенц, под дејство на алкохол, упаднал во полициска станица во Струмица и истепал еден од полицајците што се затекнале таму, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Четириесет иедногодишен струмичаенц, под дејство на алкохол, упаднал во полициска станица во Струмица и истепал еден од полицајците што се затекнале таму, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил во понеделник (08.09) кога во кругот на СВР-Струмица, дошол М.Д.(41) кој започнал да навредува полициски службеник бидејќи бил незадоволен затоа што не му бил пронајден моторциклот, кој го пријавил за украден истиот ден.
М.Д. бил предупреден да не го нарушува јавниот ред и мир, но тој и понатаму продолжил со навредите и побарал прием кај сменоводителот во полициската станица. Откако бил замолен да почека бидејќи имало други странки, М.Д. почнал да го влече полицаецот за палтото од униформата и со тупаница го удрил во пределот на градите и на рамото.
Истиот бил доведен во послушност и при алкотестирање на пријавениот било утврдено присуство на алкохот од 1,82 промили.
По целосно документирање на случајот против М.Д. ќе биде поднесена кривична пријава, информира МВР.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

