Македонија
СДСМ ги осуди насилството и говорот на омраза пред Собранието
СДСМ ги осуди вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците кои се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието, реагира СДСМ по вчерашните судири на демонстрантите со полицијата пред законодавниот дом.
Владејачката партија преку соопштение истакна дека секој има право да протестира и да ги искаже својот став и мислење, но забележуваат дека на вчерашниот собир бил забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари и кон разни етнички заедници.
„Очигледно е дека одредени субјекти што работат спротивно од интересите на државата и граѓаните сакаат да го повторат насилството од 27 април, на кое му претходеа слични повици и активности. Апелираме до сите актери да се воздржат од говор на омрза, навреди, повици за насилство и на демократски начин да го изразуваат мислењето. Граѓаните треба да бидат смирени и да не подлегнуваат на провокациите. Институциите имаат капацитет соодветно, професионално, неселективно и во рамките на законските надлежности да одговорат на сите предизвици“, се вели во соопштението на СДСМ.
Партијата додава дека нема враќање назад кон мрачното време на страв, омраза, понижени граѓани и изолација.
„Македонија тргна напред, живееме слободно, поврзани со светот, градејќи демократско и економски развиено општество за сите“, порача СДСМ.
По синоќешните протести, девет лица беа хоспитализирани, од кои седум полицајци и двајца цивили. МВР соопшти дека привеле 25 лица, а некои од демонстрантите употребиле распрскувачки средства и насилно ја турнале заштитната ограда истовремено обидувајќи се насилно да влезат во Собранието. Протестите беа против договорот за решавање на спорот за името, што вчера беше потпишан во Преспа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.
Македонија
Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ .
На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата.

– Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовци и што изминатиов период се дел, би рекол, од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово, изјави Мицкоски.
На учениците и на наставниците од училиштето тој им посака успеси во работата односно во учењето и, рече, „уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште“.

– Нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти, додаде премиерот.

