Црна хроника
За време на викендот 18 лица се повредени во 16 сообраќајни незгоди

Во текот на изминатиот викенд на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 16 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, девет со лесни телесни повреди и шест со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а 17 лица лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 134 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 113 возачи, од кои: 52 возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 50 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило, 10 возачи затоа што биле возачи почетници и еден возач поради други сообраќајни прекршоци. Исто така, исклучени од сообраќај се и 33 возила поради истечена важност на сообраќајната дозвола. Во текот на изминатиот ден издадени се 395 мандатни платни налози, а 12 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Судир меѓу три возила во Тетово: едно лице со тешки повреди пренесено во болница

Вчера во 14:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(53) од Тетово, патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(46) од Тетово и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(36) од с.Непроштено, општина Теарце.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Б., констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Топ
Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 46-годишната К.Т. од Куманово и 47-годишната Б.С. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Г.(41) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Изгоре „пежо“ во Гази Баба, нема повредени

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13:30 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“, сопственост на 37-годишниот К.М. од село Бучинци, скопско.
Пожарот е изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема. Извршен е увид.