Спорт
Идеален тим на играчи од поранешна Југославија, во него има место и за Стефан Ристовски
Не постои речиси три децении, но да постои југословенската репрезентација ќе беше меѓу најсериозните кандидати за висок пласман на секое големо натпреварување. Бројни светски медиуми, редовно се занимаваат со прашањето како би изгледала репрезентацијат…


Ја нема речиси три децении, но да постои, југословенската репрезентација ќе беше меѓу најсериозните кандидати за висок пласман на секое големо натпреварување. Многубројни светски медиуми редовно се занимаваат со прашањето како би изгледала репрезентацијата на Југославија.
Порталот Besoccer.com состави тим од фудбалери што потекуваат од просторите на поранешна Југославија. Според него, селектор на тимот би бил Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен.
Меѓу 23 фудбалери што ги селектира овој портал има место и за еден македонски репрезентативец, Стефан Ристовски од Спортинг Лисабон.
Видете го изборот на Besoccer.com.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе истапдна од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.
Спорт
Манчестер сити се засили со лев бек

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.