Македонија
Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција на МВР, според партијата, е за осуда, како што наведуваат, поради бруталноста и поради намерата да се спречи изразувањето на револтот на граѓаните од однесувањето на македонската власт со потпишувањето на договорот меѓу Заев и Ципрас.
Од Левицата велат дека ги осудуваат и провокаторите од редовите на протестантите, кои, според нив, не ги познаваат елементарните правила на цивилен протест и ги доведоа другите цивили во опасност.
„Полициската бруталност не е нешто ново во РМ. Таа не е поради етношовинистичката реторика на дел од протестантите, што не може никако да биде оправдана. Причината е многу подлабока – заканата да не се влезе во НАТО. Истата причина поради која наши другари беа противправно лишени од слобода пред речиси една година, кои мирно држеа парола со текст „Стоп за војните на профит“. Досега нема никава разрешница за ова илегално однесување на силите на МВР.
Од друга страна, бившата владејачка партија организира срамен марш во Битола, каде што се ширеше омраза кон Грците и Албанците. ДПМНЕ е партија што се обидува да ги злоупотреби чувствата на изневерените Македонци и да ја контролира екстремната десница. Оваа партија се докажува како реакционерна“, стои во соопштението на Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).