Црна хроника
Опожарени три возила во Битола

Три моторни возила била опожарени ноќта од среда кон четврток на три различни локации во Битола, јави телевизијата Тера.
Во периодот од 23:30 до 02:20 опожарени се Лада Нива на улицата Охридска, е Шкода на булеварот Први Мај и УАЗ џип исто така на улица Охридска.„ На сите три возила опожарена е внатрешноста. Во битолската полиција било пријавено од страна на граѓани. Извршен е увид. Полицијата работи по одреден сомненија“ вели за Тера Телевизија Магдалена Димитровска портпарол на СВР Битола. Во гасењето на опожарените возила учествувала и противпожарната единица на Битола.Ова не е прв пат да се палат возила низ градот. Пред извесно време ваков настан имаше во Нова Битола, а пред неколку месеци две возила речиси целосно изгореа на булеварот Први Мај. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.