Македонија
„ГЛАС за Македонија“ со осуда за полицискиот напад врз демонстрантите
„ГЛАС за Македонија“ најостро го осудува нападот со шок бомби и солзавец врз голоракиот народ кој синоќа беше излезен на мирни протести.
„За прв пат видовме како навистина се брани режим. Молчи нивниот Хелсиншки комитет, молчи нивниот Цивил кој ќе ловел “говор на омраза“. Проѕирно и патетично.
Марионетската власт не одбира начини да се спротивстави на народот, зад чиј грб тајно преговараше и потпиша спогодба на целосна наша штета. Во секој нареден чекор, а по упатства на нивните спонзори, се прави уставен експеримент и прекршување на секоја правна меѓународна норма. Вештачката нација која одбрале да ја креираат постои само во нивните фашизоидни умови.
Затоа токму вашите шок бомби беа клучен момент на отрезнување. Ние одиме напред да го сочуваме она што ни припаѓа и во кое, најмалку вие и вашите платеници сте оставиле неизбришливи светли траги. Нашата борба ќе трае се додека не се повлече овој срамен договор, додека не се распушти ова ненародно Собрание и додека не падне квислиншката власт која ќе остане запаметена како најгрда епизода во нашата понова историја.
Правото и правдата се на наша страна, очајници!“ велат од „ГЛАС за Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

